@emkaemka Frezyderm со фактор 25 не брка комарци, само тој со 50 фактор е таков- комбиниран, мада јас не им верувам на такви комбинации Најубаво земи си нешто плус за против комарци. Ролерот на Чико против комарци се покажал горе-доле како ефикасен, уште го користиме. Аутан за бебиња нема, на него пишува кидс, мислам дека е за над 2 години. Алките такоџе немаат врска, смрдат ептен, кратко траат (неколку дена ако добро се сеќавам), а не се ефикасни, детево беше решето од комарци. Босилек ни на тераса ни пак до кревет не помага Што све немам пробано Најефикасни се покажале тие за во струја.
Глупост било ми кажаа блиски, три пара го имаат истото ми го кажаа, едни ми го понудија да ми го дадат ако сакам @Kitten ќе купам ако не спрејчето на Чико. За Фриздерм и јас не верувам да помага затоа и барам чаре. За алките имаат поделени мислења, па не знам, лично немам, јас имам една од лани, гратис ми ја дадоа, па ќе закачам за количката или на мм ќе му ја ставам да ја носи ^^инаку лани на одмор во Грција и да немаше комарци, уствари и немаше, носевме такво за во штеќер не го ни уклучивме. Ама ова за нас, до нас имаше дечиња не постари од 5год решето беа а родителите исто чисти инаку викаа во спиење не ги касале туку на плажа и имаше тревници па по нив додека си играле..
Алката ја земавме наменски за шетање, имаме едно детско игралиште со трева во Бугарија каде што е куќата, и врие од комарци. Ѝ ја закачив на нога зашто највеќе по нозе касаа, абе партали беше. И пак си се вратив на мачкање со Чико.
Лани летото, кога средното беше околу пола година, буквално со ништо не ја мачкав. 10 дена одмор истеравме во грција и немаше ниту црвенило не па нешто друго. Од вилата до плажа со количка со стреичка, капче, лесна облека и тетра пелена врз голите ножиња. Назад пак исто. Два пати на ден оваа рута. Децата не беа воопшто искасани. Имавме од алките од зегин, стоеја на количка. ПРевентивно од Џамбо имав купено мрежи против комарци за креветчеи за количка, ама не ги употребив. Ние се прскавме со аутен само навечер. Тогаш имаше највеќе комарци претпоставувам бидејќи еднаш заборавивме да ставиме и бевме апнати, потоа редовно се прскавме и не се повтори.
Ние за комарци ништо не ставаме. Ниту за нас ниту на малиот. Јас сум со светла, тенка кожа и се ми е џабе. Маж ми ич не го касаат он е со потемен тен од мене. Малиот е на мене и цел е искасан ако се движиме некаде каде што не се прска против комарци. Во Скопје нема гајле зашто нема нешто многу комарци. За продолжениот викенд во Грција лом беше сиромашкиот, ама што е тука е. Инаку за сончање за бебиња и мали деца само средства со физички филтри треба да се употребуваат.Тие се со најмнгоу 30 фактор и баш тешко се мачкаат. Најевтин од таквите е Бекутан, поскапи има различни. Ние сеуште користиме Еуцерин бебешки/детски со 30 фактор. Му го користев и како бебе зашто и прекуи спуштена стреа на количката пак црвенееше моето бебе. И сега на две години е пак исто. Ако нема намачкано за до игралиште дома црвен ќе се врати во лице и раце.
Аутан е по 2години.. http://www.zegin.com.mk/home/uvoz/MOUSTICARE-алки.html Туку ова најдов, вика од 6м може
Мене педијатар ми рече Еуцерин 30 зашто е таков филтер како што треба. На него пишува Micropigment sun lotion, веројатно тоа е тоа. Ми нагласи само никако да не биде хемиски филтер зашто тој се впива во кожата, овој физичкиот останува над кожа, бебето е како намачкано со оние пудрите порано што беа за сипаници (баш е бело). За природни филтри до сега немам слушнато ниту за возрасни ниту за деца, ниту за бебиња.
Јас па читав дека има механички и природни филтри. Еуцерин наводно има комбиниран (не сум читала што пишува, така ми кажа дечкото што правеше презентација во зегин). Ова фризидерм има природни филтри. Ај некој што се разбира нека пише убаво.
Јас на презентери од фирми ич не верувам. На Зегин па ич. Си имаат они производи што си ги форсираат и за нив зборуваат се најдобро.
Спрејот го купив лани, ептен јако мириса, ама е ефикасен. Не го прскам на нас, оти јак е глава боли, ама завеси, алишта, прекривачи сум прскала и комарци не не касаа. Во Грција ја прскав завесата во апартманот каде што бевме сместени (немаше комарници) и не влегуваа воопшто, па добро поминавме. Ама овде во Скопје ренде не прават ако не сме заштитени, па затоа прскам повеќе по креветот, демек нема да ни се приближуваат. И има ефект. @Biodevojka може најточно да ти објасни.
Физички филтри се цинк оксидот и титан диоксидот, колку што ме држи помнење... затоа и тешко се размачкуваат тие креми. А хемиските филтри не се пожелни ни за возрасни.