Ептен му е чувствителна, атопична. Кај моето назад на вратот му се појави алергијата, никаде на друго место. Но не од самото мачкање, туку по изложување на сонце му се појави. Додуша не ми беше необично, мм е со осетлива кожа и не му се погодува секој крем, некои не го штитат добро и фаќа алергија од сонцето. Секако, тоа не значи дека ќе се појави и кај твоето детенце, верувам дека ќе му се погоди
Истото ни се случи лани со Биодермата со минерални филтри. И мојот е со атопична кожа. На вратот цел круг, црвено-црн и ко егзема рапав на допир. Јас гуглав, мислев дијабет има детево и во паника го носев на доктор да го провери Тоа е, со атопичната кожа е тешко, тестираш додека нешто се погоди. Со природнава козметика потешко е да погодиш, од етеричните масла се иритираат.
Исто, исто... Црвено и црно, рапаво. Таму каде што имаше маица немаше ништо, само круг околу вратот, точно сонце каде што го фаќаше Јас на дерматолог го носев
Значи со кремиве за сонце читајќи тука турли тава ми се направи во глава. Па уште она апликацијата INCI beauty ја симнав и тек сега незнам што е паметно да земам. Сега се што мислев дека е ОК испадна спорно по апликацијата Го земав колку за сега дур има/нема сонце sun dance 50 kids од ДМ. Денес прв пат мачкав и супер се мачка и не остава бело. За друго не сум паметна да кажам колку е добро или не
Јас лани ја користев за малото,околу годинка беше Брзо се впива и не оставаше мрсно по кожичката само не мириса нешто многу како обичните креми за сончање Инаку заштитата беше ептен добра,и на одмор со всква одевме ниту еднаш не се вцрви
А за после сончање мачкате нешто? Мојата има сува кожа склона кон егзема па некоја препорака ако имате.
Мене па ептен ми се погоди биодермата. Е сега во аптека ми дадоа друга амбалажа наводно, а уствари не е истата крема, си фрцнав 1600 денари како спреј е, ама и тој за кожа со алергии. Перидодов нешто почна да се исфрла и ај реков секојдневнава козметика со веледа да ја сменам, полошо, педијатарот ми вика чекор назад се враќаш со веледата за нејзината кожа, врати се на биодерма. И сега ич не ми се ризикува со други креми. Зборот ми е дека е индивидуално иако се со чувствителна кожа, може некогаш природните да се подобри ама кај нас не е случај.
Факт е дека природнава козметика е претешко да се погоди за проблематична, чувствителна кожа. Знам и по себеси. И кај мојот Биодерма и Ла Рош се за секојдневна употреба. На почетокот само природна користев, Веледа, Уртекрам, Лавера, Логона... не биваше работата. Ама од ова Биодерма за сонце беше ужас. Ќе пробувам додека не најдам нешто што му одговара, тоа е.
Здраво гледам и вие сте биле со атопична кожа мене ми ја препорачаа во аптека Еуцерин Sensutive protect spf 50 200 ml сте ја пробале таа? И нас биодерма не ни одговара а ве читав и за оваа белина биосолис
На детево досега само од Еко козметикс сум му ставала, е и тој е многу убав и му се погоди, од Веледа, Лавера и Биосолис. Еуцерин не сум користела за него.
Исто, и јас дојдов да се просветлам, сега сум позбунета. И јас и маж ми имаме проблеми со сонце, јас морам да користам 100ка фактор по препорака од дерматолог, лани имаше во еурофарм на риластил 100ка и супер ми се погоди, сакав и сега да земам за бебињава, ама ја нема веќе. Инаку апликацијата одма ја избришав, според неа сите производи што ги користам, и ми одговараат за нега, беа со критичен состав, а сите што ми правеа проблеми и поради кои се оддадов од пари по дерматолози се океј. Исто дури бев бремена, ми се направи ужасен осип на стомак од маслото против стрии на веледа, а божем најприродна е. Затоа не се држам до тоа, на секого различна му одговара. Така ќе направам и за бебушиве, ќе мора да пробувам повеќе, многу ми е страв да не реагираат како мене и маж ми.
Не пишував за сонце, не сум ја пробала. Обичната за лице не му одговараше со егземата. Секоја кожа е индивидуална, буквално. Тоа не значи ништо за вашето дете.
Важи битно ми е дали убаво се размачкувс и лесно.. гледав само крема имаат мислам нема со прскалче паковање.
Убаво се размачкува, не е лошо во споредба со другиве вакви бели креми. На тело не му ја пробав, сигурно потешко ќе се мачка ама вака ОК изгледа. Едно делче сум му пропуштила и тука поцрвена, а останатото од лицето скроз бело. Значи штити супер. Е егземчето на лицето малку му е влошено, ќе пратам тоа уште некој ден и ако не бива ќе ја менувам и ќе му мачкам само на тело од оваа. Не е нешто страшно, ама ќе следам. Секако не очекувам да му помине од крема за сонце, ама бар да не се влошува. Ова за тие што ги интересира за атопичен.