Јас ја користев за големиот, ок си е кремата. Само многу како креч бела и не се размачкува и тешко се измива.
250 ден. е 75мл крема со фактор 50. А за возраст, па веројатно може и на бебе да се става затоа што има одличен состав.
Мами ние планираме август да одиме на одмор со бебче кое тогаш би било 9-10 месеци. Во аптека ми ја препорачаа ова крема и овој спреј биле многу добри, брзо, лесно се нанесувале, размачкувале и сушиле. Исто така и давале хидратација на кожата. Дали некој ѓи има користено ? Како сте задоволни? Спрејот е 1900 денари А кремата 1300.
Претпоставувам во еурофарм и мене ми ја нудеа дури два пати се замислив да не им е некој таргет за продажба хах нз прочитав дека е шпански бренд ама немам искуство искрено..
Сум го користела за мали, добро е Само цената ама ја покачиле.. пред 3 години некаде , беше 600-700 уауууу Инаку во Енци менци ти е на акција моментално. Навистина забегале со цените
Од двете декларации првата е подобра На алверде се добри, само оставаат малку бело. Цената е поевтина бидејќи ДМ е голема компанија и Германија е земја бр. 1 која на национално ниво инвестира во органското.
Јас сум задоволна, неколку години го користам за големиот. Не остава бело, лесно се размачкува и добро го заштитува.
Здраво мамички !Сакам да прашам мислење за Биодерма млекото за сончање 50 фактор дали е добро за детенце од 3 години!
И јас дојдов да прашам дали некој ги има користено овие од Еуцерин....не можам да се одлучам кое да го земам...ќерките ми имаа една и три години...на двете пишува дека се за атипична кожа, едното е гел крем а другото спреј.