Јас го купив кремот, лесно се размачкува, не остава бело, завршивме со одморот и немавме никаков проблем, може и за атопична кожа
@Ano и другите што користите Биосолис... ги штити ли доволно? Ај со атопичниот проблемот се потсреди, мачкам поинтензивно Ла Рош навечер и ОК е. Ама нон-стоп го мачкам за сонце, не излегуваме на најјакото а вратот пак црн. Не очекував да се исонча вака. И јас исто ја користам за мене, и мене убаво ме фати сонце. Наредно со што да пробувам, за Гамарде се мислам... веќе ми се смачи од кремиве.
Да штити. Ние и на море бевме и големиот дека го мачкав освен вратот што му беше од претходно исончан, не е потемнет ниту нос/чело зацрвенети дека тие нели најлесно ги фаќа сонце. Бебе е поисончано од него во количка и под сенка што е нон стоп. Гамарде и јас сакам да ја пробам, па ако ја купиш случајно баш сподели. Се што не е во дуќан ми е комплицирано, ама ако вреди ќе се организирам да земам.
Моментално сме на одмор и го користиме за детето 2 години има. Презадоволна сум, лесно се размачкува не остава мрсно на облека и екстра добро штити. Бело сиренце е детето, сите други изгоревме он гајле нема. Топла препорака.
И моето е бело сиренце ,и затоа прашав зошто добив одговор дека од едни пријатели децата изгорела сега на одмор и многу се изненадив на муабетот.
Се е можно, ама со оглед на тоа колку се бањаше во море, па шпарташе наваму натаму по сонце, јас не би ја сменила ни за наредно лето Биодермава. Интересно е првиот ден кога подгоревме ние возрасните е тоа што имав дланка неизгорена на црвенилото и ми текна дека таму се поминав со биодермата што ми остана на рака. Тоа што редовно го правам е пред да одиме на плажа го мачкам за да има време да се впие па да почне да си делува заштитата кога веќе стигнуваме на плажа, до сега успешно сме поминувале.
После 12 месеци се користи Биодерма .Во аптека ми рекоа до 3 год да користам крема каде пишува baby a не kids.Затоа земи freezy derm 25 фактор или Chicco spray 50 .
Мами за 9 месечно бебе каква крема за сончање користите, која убаво се размачкува, лесно се впива, штишт ?
Јас купив на еуцерин фактор 50,пишува дека е за атопичен дерматит и одлична е, лесно се размачкува и штити од сонце, околу 1200 ден е
Јас го користам за син ми. Ем има предобар состав, ем одлично штити, како воопшто да не бил на море Земај, ич да не се мислиш
Син ми има речиси 8м и го користевме на одмор. Јас искрено кога купував барав да е со добар состав, а Биодермата е одлично оценета на Inci beauty. Од ко купив видов дека е за од 12м, препрашав во аптека и ми рекоа слободно можам да го мачкам. Во Систина пак, ми рекоа да не се претерува со средствата за сончање т.е да не се мачка детето по 100 пати и дека најважно е да биде под дебела природна сенка
За да продадат се ќе ти кажат дека може. Штом производител јасно навел дека не е за бебе под 12 месеци, значи не е. На аптекарот од каде му е информацијата дека слободно може да се користи за помало бебе? Кога веќе има алтернативи, не би користела нешто за кое производителот декларира дека не е соодветно за возраста.