Не беше за да ми продадат. Јас го имав купено па се вратив следниот ден да прашам затоа што доцна видов. Грешката е моја.
Проаѓам со 50мл Мустела за 10 дена или да земам од големата? Имам и Бејбилав од лани останато, па мислев 50мл да земам и ова како бек ап.
Мене 50мл 6 дена ми издржаа само. Не го мачкав нешто многу, плус за пливање му облекував блузичка со фактор.
Јас имам земено еуцерин 200 мл, моментално сме на одмор и ќе ми стаса до крај мислам кнап, 7 дена вкупно ќе бидеме, зависи и колку ќе бидете на плажа и кој период, ама мислам малку ќе ти биде.
Бебе има 5 месеци ќе одиме на повисоко место, ама ептен е бело. Не планирав да мачкам крем со фактор. Ме замисли мм, демек и во сенка може да изгори, со оглед на тоа дека јас и свекор ми гориме и во сенка, не знам што да правам. А и од која крема да земам не сум сигурна. Совет како да ја заштитам?
лани Мустела користев,ама мало ми е пакувањето сега за на одмор. Се мислам за Uriage, Bioderma или Еуцерин. 2 години е. Едит: сега прочитав дека Еуцерин е за дете над 3 години. Или има и друг бејби?
Јас на крај уриаж зедов. Тргнав по биодерма или веледа, на крај фармацевтката ме премисли. Се надевам не згрешив.
може слика? и цена? и јас не знам што да земам, ме привлече биодерма педиатрикс спрејот ама некако солено ми изгледаат 1600 денари
Фала ти...Кажи ми само лесно се размачкува? ова моево не можам да го стигнам лицето да му го избришам после јадење, не да го мачкам по цело тело, ми треба нешто брзинско
Ова е многу убаво и јас го користам на мене. Упива инстантно и отпосле не останува ни бело, ни мрсно. Јас сум презадоволна и го препорачувам.
Да, спреј е, лесна му е текстурата и многу лесно се размачкува и не остава бело. Лани и преклани јас му имав земено од еко козметикс, предобро е во однос на заштита, ама многу потешка структура има и потешко се размачкува.
Супер, нешто лесно ми треба..Јас го имав лани земено од Heliocare педиатрикс спрејот, прелесен е за нанесување ама е мрсен..остава мрсен филм и само ми се лизгаше детево низ раце...имам сега засега мустела крем ама за на одмор сакав да земам спреј...ќе размислам до тогаш...фала на инфо
Го има некој стикот мустела 50ка земено? Јас го земав па прашувам ама многу мало тоа, којзнае дали ќе ми стаса, ќе земам уште нешто. 900 и кусур, како карминче едно стигна читав на странски форуми дека заменува 200мл крема, зошто е стик и не се троши лесно, само да се чува соодветно, во термо торба. Се мислам за вториот дел од одморот да земам Фризи дерм.
Од фризи и двата за деца се за над 2г, чувај ја мустелата за малото, ако е наменета и таа за беблаци. Ја проба? Тешко се нанесува?
Наменета е за 0+ На фризи пишува исто 0+, 25ката. И во аптека таа ми ја даваат само. Иначе мустелата супер лесно се нанесува, не остава некој траг голем мрсен се надевам ќе штити. Ако не има аптеки и таму, нешто ќе најдеме. Мада ко што ми стои досега беблак не гори, тоа што му било изложено на сонце му е потемнето, рачиња, стапалца... Мада кај мајка цел беше од сабајле и на пладне изложен, жив гол го чувавме, така да се изедначи малку, а без фактор беше пошто под сенка скроз седевме. Бел е, дури ептен бел, коса портокалова мава, се надевам добро ќе биде. Ќе морам и нешто да земам за после сонце, некое млекце хидратантно да го освежи, што мачкате вие?
Фармацевтката во Зегин ми рече фризи дека е за над 2 год 25ката, а 50ката над 4. Немам користено, не знам шо пишува, можи грешка нејзина е. Инаку јас биодерма атодерм мачкам редовно за хидратација, таа му го смируваше дерматитот и не ја сменивме, уште истата линија ја користиме.
Немаме проблематична кожа, ќе видам некој лесно лосионче, никогаш не сум мачкала ништо освен првиот месец уље додека се лупеше. Со двете деца исто.