Да ми препорачате крема за сончање. 5ипол месеци ќе има бебка ко ќе одиме на одмор. Знам дека од 6+ се користи фактор ама не ми се остава така. Користела некоја крема после 5 месеци? И нешто што е погодно за атопична кожа.
И ние толкави ќе одиме и јас сум во потрага. За Gamarde мислам прочитав тука дека и за бебиња под 6 месеци можела. 1900 ден е, ама ако е единствена опција...
Ние ја користиме таа на la roche-posay уште од пред да наполнат 5 месеци. На неа пишува дека е за над 6, ама матичната ни кажа дека е подобро да ставаме спф, отколку да ги оставиме така на ова сонце. Нанесувам мала количина нормално и супер ни се погоди, ниту се вцрвиле, ниту ми флека алишта, ниту остава како креч. Ја избрав искрено поради брендот, мене лично проверен ми е и побезбеден од други. Едно време ја тупев со апликацијата incy beauty, ама испадна се што таму дава добар состав, мене да ми ја прави ренде кожата, па се откажав.
Јас сепак овојпат се одлучив за Гамарде за бебе. За тие што се мислат дали ок се размачкува, може да кажам одлична. Ниедна од кремите со минерални филтри до сега што сум ја користела дали за децата или за себе не била со толку лесна структура. Само да беше поефтина и ќе беше 10/10.
Леле прескапа е. А ми дадоа да пробам и мене, стварно е предобра. Синко голем на сите раскажа колку мала била на брат му кремата за сончање а колку скапа, о си викам синко, да знаеш дека има и дупло поскапи.... Него со Каротен и со Сан денс ќе го мачкам, бате со Мустела и со Фризи ако не ми стигне таа.
Па да, ама баш направив анализа (зборувам за овие што се декларирани како природна козметика) и со оглед на тоа дека голем дел од нив доаѓаат во паковања од 50мл, кога ќе удрам есап, средна цена е. Само алверде и леврана беа драстично поефтини, ама алверде миење , јас рацете не можам од неа да го измијам, Леврана полесно, ама и таа не е сјајна за измивање. Јас за мене ја користев и ок на мене и повеќе може да затријам за да ја размачкам, ама на дете тешко. Веледа исто е креч, а и не е толку поефтина.... И така натаму. За бебе секако бев одлучена дека особено сега за прв одмор ќе терам со ваква козметика.
Мустела стикот, врв. Сите не поткачи малку сонце првите 2 дена, бебо само малку доби боичка и толку, ништо, ни црвенко, ни розево. Мачкам на 2ч, бил не бил во вода, не се лизга, не се лепи, не се флека ништо. Дека имаме малку косиче дури и во главчето мачкам, гајле нема. Мислев нема да ми стигне ама изгледа таман ќе ми биде. Топ е.
Го купив Гамарде јас сега на попустот. Сè супер ама пишува дека трае 3 месеци откако ќе се отвори да имате во предвид ако размислувавте дали да го купите. Очигледно ние и тројцата ќе го користиме.
Мене ми пропадна 80% од тубата. Ја купив лани крај на Август за на одмор и толку беше. Не видов дека е со три месеци рок иначе и јас ќе се мачкав. Колку е сега на попуст? *Препорачајте креми со фактор што лесно се мачкаат и не се со астрономска цена. И колкав фактор е ок за бебе? Дали сте ги пробале Риластил? Користам за мене маслена купка, ок е.
1520 денари беше викендов, на 20% попуст. Очигледно нема креми кои лесно се размачкуваат. Барем за овие подобрите така сум прочитала. Ама ајде некоја членка можеби нашла.
Јас купив La Roche Rosay 50 spf од 6+ Прелесно се размачкува. Во комплет со гел за миење ја земав за 900 ден тука во србија Ова е лусионот за заштита од сонце пишува dermo pediatrics
Uriage спф50+ е фина, остава минимално бело, но по некое време го снемува. Ако не се лажам беше околу 600ден. И може да се користи 6 месеци од отварање.