@emkaemka јас да се умешам Со ова на Чико лани летото го прскав ( освен на дланки и лице ) и ниеден комарец не го имаше каснато ако ми веруваш. Навечер кога го легнував несакав да ставам од оние во струја или распрскувачи по соба, босилекот ич ама ич не беше во корист ете кај сестра ми за внукот. На самата вртелешка над креветчето што е, закачував од оние марамчињата од Џамбо и го прскав со спрејов од Чико. Така да и ноќите бев раат никогаш не беше каснат од комарец.
Здраво драга, еве ме добро е што ме тагна другата феминка, оти немаше да видам. Овде точно е дека се употребени физички филтри (терминот природни не е баш најсоодветен) иако се природни во споредба со хемиските (горе долу исто се фаќа), меѓутоа точниот термин е физики филтри наспроти хемиски филтри Користени се цинк оксид и титаниум диоксид и тоа навистина супер. Меѓутоа, кремот е полн со силикони, нафтени деривати, акрилати. ПЕГ!!! Штета...
Може слика од ролонот или еден е?? ^^јас пак баш спреј барам демек подобро ќе го нанесам, што знам само прскам Ионака се мислев дали да мачкам Фриздерм (највеќе да не му мешам вид на колекција) по коментаров на Биодевојка ќе заврши кај мм на лице изгледа (море сигурно), а бебе ќе заврши со Еуцерин. Ама 30че има ли од него?? Знаеш ти Ели или само 50ка е?? Ако не бољи па и 50ка него ли Физов
Ne e bas taka so prskanjeto, mora da razmackas so raka (i so rolot isto). Koga trebase na race da mackam prvo prskav kaj mene na race pa go mackav za da ne otide na dlanki koi gi buta vo usta.
Еден е ролонот баш го имам постирано во што последно купивме ..... Незнам дали има 30 ка еуцерин зошто директ земав 50 че... за нас има ама за бебе
Мајки според @Biodevojka Мапез спрејот против убоди од инсекти е добар за бебе, го најдов на нејзиниот блог. Вероватно ќе земам таков јас.
едно закачував за вртелешката и го прскав со спрејот Сега оваа година без вртелешка незнам шо ќе праиме.
Баш ради тоа мене не ми се влага во зегин. Ме боли глава муабетот им е одма земи Фризидерм. И секогаш им викав од толку што ја нудите фирмава и да е добра човек нема да ви купи Од еуцерионот 30ка има и баш тој е за 6+, 50та е за после година Од она што гледав за кремиве за бебе 6+ еуцерин 30ка, мустела 50ка, ларош 50ка, виши 50ка и каротен 50ка сите се супер.
И јас препорачувам Мустела 50ка. Лани ја немаше во Мк. Сега има во Зегин а Еурофарм сеуште ја чекаат (од лани) Го мачкав од 4 месеци зошто и рано наутро и касно попладне сонцето е јако а моево иако доста црнко знаеше да се зацрвени па му мачкав по рачиња и нозе. Заборавив да напоменам дека е одлична за кожа склона на атопичен дерматит.
Јака ти е идеава, ќе закачам и јас на вртелешката ако не и на одмор игротеката ќе ја носиме па и таму ќе изведам нешто
Мене и педијатар и дерматолог ми напоменија без 50ка фактор да не го вадам син ми надвор на сонце. Може дека има бел тен и осетлива кожа. Иначе 8+ месеци е. Јас исто купив Мустела со 50ка фактор одобрена и од двете и засега ни е супер. Само за на плажа ќе треба поголема тубичка, ама планирам од Swiss здравје да земам. Ова ја купив од Струмица 40мл. 600ден.