Има и од 200 и 250мл, меѓутоа тие не се за бебиња, за над 3 години се означени. Овој што го постирав е за бебиња над 6 месеци.
Jas koristam nivea 50 faktor za bebe i za deca. Skapa e ama efikasna ednas mackas a dva sati si raat.Za deca siniot sprej, za bebe beliot sprej.I nie gi koristime istite i na decata mackame.
Јас купив Биодерма лосион од 250мл денес. Пишува за осетлива кожа и за лице и тело. Тоа имаше во аптека, на брзање тоа зедов и ќе видиме како ќе се погоди. Денес добро помина, цел ден бевме надвор и не поцрвена, а егземите на образи не се воспалија засега. Искрено ми се смачи од кремиве за сонце веќе. Нека се погоди некоја, аман.
Овој е дури за над 12 години. Пишува на официјалната страна. Затоа е наведен како фактор за деца, а не бебиња. Овие што си преведуваат не знам. Описот е од млекото што претходно го постирав, а ова што го нудат е спреј. Испомешале. Еве од официјалната страна: https://www.laroche-posay.fr/gammes/solaires/anthelios/anthelios-creme-solaire-en-spray-spf50--200ml/LRP_018.html#tab=recommandé-pour
Не знам од кој производ ти е скриншотот,јас сум ги користела за бебе овој портокаловиов,во описот стои над 6м дека смеат да го користат. Сега изгледа е сменета бојата на амбалажата , кремаста е.
За спрејот беше скриншот. Оваа крема не ја знам, или ја немале лани или не сум ја видела. Ама во секој случај јас лани барав конкретно да пишува дека е кремата е наменета за атопична кожа. Се зезнав многу со Биосолис и не ми се ризикуваше пак Таа што ја користевме ептен се погоди.
Скрос нов производ им е, после месец може да очекуваме искуства споделени. Како и да е јас планирам да го купам за бебе, од 50ката фактор за над 1 година сум презадоволна.
Аа значи ја ептен во тренд сум била, на почеток ја пронајдов и јас сум во план да ја земам, а за искуства што викаш ќе почекаме
Ова е ново, ама пред две години користев на Биодерма со минерални филтри и не чинеше. Сподели баш ако го земеш ова дали ќе е подобро. Флуидот што го имав јас ем не штитеше добро, ем печеа очи. Еве, баш сум споделила и лани мислење за таа
Изгледа сеуште не, гледам луѓе ги прашуваат каде ја има, не ја наоѓале. Барав онлајн во Зегин, ја нема.
Ме замисли сега, а демек добар бренд на козметика..јас сум мн внимателна со козметикава зошто малава има нежна кожа, бела е ама и малку како атопична и е кожата. Од раѓање е таква..во тој случај ќе почекам да видам туѓи искуства па ако поголем број се задоволни ќе ја земам.
Здраво. Препорачајте ми добра крема со 50 фактор за дете 2ипол годинки. Лани земав на еуцерин ама ептен е креч и тешко се размачкува