Во зегин имаат попусти па сакам да си земам за на одмор крема со 50 фактор е сега бебе ќе има 4 месеци кога ќе одиме а синко 4 години се мислам за биодерма или уријаж(на беба од раѓање и користам на уријаж за бањање и млеко за тело) па што ви се покажало подобро од искуство или некоја друга крема дајте предлог?
Моето имаше 4 ипол месеци кога отидовме на одмор и го мачкав со Гамарде. Повеќето останати не се 0+, фактор не се препорачува под 6 месеци.
Да се самоцитирам, го купив кремот од Фрезидерм по препорака на аптекарката од Зегин. Засега можам да кажам само дека мирисот не ми е баш пријатен. Барав Еуцерин или Мустела, ми рече дека овој го земале многу и досега не слушнала лошо мислење.
Јас за бебето земам нивеа, 200 мл како спрејче, мн убаво се нанесува, убаво мириса,и лани тоа го користев на 5.5 месеци, сега е во Кам 729 ден.За поголемото детенце земав картотен кидс сензитив од ананас 50 спф 819 ден од 270 мл и Леа 50 СПФ околу 300 ден (тоа за мене повеке). Фризидерм ги имам користено порано и 25 и 50 спф за поголемото синче кога беше бебе и бев задоволна од нив, тој штити плус и од бубачки и комарци плус.Нивеа бејби ја пробав лани ке земам и годинава пак.
Зегин се увозници на Фресидерм и затоа ги форсираат. Како скап Бекутан се. Зависи колкаво ти е бебето. Јас лани користев Уријаж, убаво се размачкува, задоволна сум. За помалечко бебе би земала Веледа или Алверде. Секако добри опции ти се и Мустела, Еуцерин, Биодерма. Колку саакаат нека убедуваат Зегин, никогаш нема да ме убедат дека Фрезидерм е подобро од врвни марки козметика. Јас кога влагам одма им кажувам не ми нуди ништо. Проши пат влагам паста за заби да купам за ќерка ми и викам дај ми ја Лакалукт со јагода и ете ти ја еве оваа ви е природна задоволни се сите, ми мафта со Фрезидермот.
Во Зегин секогаш ќе го слушнеш тоа за Фризи. Мене ме одвраќаат да купам, ама они си го увезуваат и мора да го продаваат
INCI Beauty има цела насока за бебешки работи, креми за сончање за бебе со висока оцена се на веледа, алверде и некои од нивеа што се познати на нашиот пазар
Јас го користев сега на море. Заедно со Мустелата. И за малото, 6м и за големиот. Полесно се мачка од мустела. Јас имам и спрејче и крем Чико.
Биодерма или еуцерин спф крема да земам бебо ептен го фаќа сонце, дланките му се црни во споредба со останатиот дел од телото, од што се држи за рачката на количката кога шетаме
И јас исто бидоерма, како што сме по цел ден надвор, ете лани и во базентче супер поминавме со биодермата, сега е поскапа ама вреди вистина
Јас Еуцерин купив, ама кај мене аш сонце и не сум ја ни отворила се уште. И поима немам ни да ти кажам каква е , ни како се мачка. Ептен од помош сум ти. А уствари сакав да речам, оти Еуцерин атопиконтрол користиме, само ради тоа ја зедов.
Леле од сега ли со кожата мака, душа. Има мм псоријаза и цели колекциии дома имаме од еуцерин, биодерма бабини лекови, оџи, попови итн итн..