Супер се, јас моиве со нив ги мачкам, 30ка или 50 фактор зависи дали сме на море или во Охрид. Никогаш не изгореле досега.
Мајки дали некоја знае на Алверде кидс кремата за над која возраст е? Не можам да најдам за да прочитам. На оваа мислам
Дали сте задоволни од оваа крема за заштита? Дали ке ми е доволна за бебо одмор да истера? Или да ја земам биодерма? Има јавено и алергија на сонце, максимално го заштитуваме ама пак на одмор не верувам дека ке можеме скроз да го сокриеме од сонце и вода
Немам искуство со оваа, земав на мустела и сум многу задоволна зошто со едно мачкање од сабајле воопшто не ни поцрвене, директно си фати боичка можеби е и до кожата, но да ја пофалам мустела
Супер штити ама мене ми мириса некако гадно, за разлика од авокадо колекцијата што им е, како расипан мајонез да мачкаш.... ама да најважно е што штити
Мојот го фаќа боја одма, на татко му е во тој дел, поцрнет е од тоа малку што го фаќало сонце наутро и додека се возиме во количка напладне. Ама со алергијата 2 пати ми се нафрла и многу ми е страв сега за на одмор
Мустела или Веледа? Досега користиме се' од Веледа и сум задоволна, ама кремот со СПФ е поскап, за исто пари Мустела е 100 мл, а Веледа 50 мл.
Лани баш го користевме спрејот во бела паковка 5in1 и е предобар ептен лесно се размачкува и штити одлично
Остава жолти флеки на светли и бели маички.. Дали имате испробано решение за отстранување? Не ми успева а пробав со повеќе средства за флеки. Искуства со овој на weleda? Моја препорака, прелесно се размачкува и гарантирано и испробано заштитува од горење.
Здраво, со кој спф ги мачкате децата што имаат склоност кон атопичен дерматит? Конкретно, на ќерка им и се прават суви кругчиња на раменцата и не знам кој фактор се користи во тие случаи? Слушнав за на la roshe линијата, липикар ама не знам на кои точно приизводи се мисли?
Со 50ка. Јас и ставам од Еуцерин, сега пак и се појавија суви делови на рачињата, па баш и одговара и кремава за сончање. На Ла рош немам користено, ама изгледа мислиш на онаа крема со кученце зајче нешто има на неа, гледам ја има и по аптекиве.
Ја користел ли некој оваа крема од Eucerin? Пишува дека е безбеден за 3+ месеци и со гел структура па ме интересира дали и во реалност тоа го исполнува и најважно дали штити добро. Исто во втор план ми е оваа од Биодерма.
Баш сега пишав погоре од тебе коментар за Еуцеринот. Јас го ставам на ќерка ми, топ е, супер штити, лесно се размачкува.
Одлично. Сите критериуми тогаш ми ги исполнува. Сакам да штити ама и не сакам да биде од оние густи СПФ како маргарин што се и треба 2 саати дур се впие убаво. Мислев дека има повеќе вида од Еуцерин, па не претпоставив дека конкретно за овој пишуваш.
И јас таков барав, лесно да се размачкува, баш така, да не е како маргарин и читав доста се задоволни од Еуцеринов, па го пробав минатото лето, малава ниеднаш не изгоре. Од кремите само овој е, а има и спрејче со исти фактор. Мене по практична ми е кремава.
Имам тестер од еуцеринот и можам да кажам за структурата дека е одлична, ептен убаво се размачкува. А за тоа колку штити не можам да проценам само од тестер. Малку има некој мирис како на хемикалија, ама ништо страшно или неподносливо. Биодермата ја користевме лани и е одлична по сите основи. Едит: не знам колкаво ти е бебето, ама имај предвид дека биодермата е за над 1 година. За помали бебиња има друга, ама таа ја немам пробано: https://www.zegin.com.mk/mk/bioderm...m-za-zashtita-od-sonce-za-deca-so-spf-50-50-g