3 месеци е. Вака на прошетки кога одиме претпладне или попладне сепак гледам да е подзаштитена од директно сонце и не и ставам се` уште ама сакам да почнам полека. Педијатаров ни кажа пред да одиме на одмор прво да тестираме по малку на кожа по дома, а после и надвор да не јави алергиска реакција. Ќе пробам прво со Еуцеринов, па ако нешто јави ќе ја земам оваа Биодерма од линкот што го имаш постирано. Генерално се` користиме од Биодерма па верувам не би имала утка.

На 3 мес ич немаш потреба да мачкаш бебе со креми со спф. Пред 6 мес не се мачка. Секако лежи бебе на 3 мес во количка, кога е во раце стсви капче.
Ќе одиме на одмор и бебето ќе биде неполни 6 месеци за една недела ќе прави 6 ..Каков крем за заштита да земам ?
Па не е убаво толку мало бебе со хемии да се шлапа. Јас малиов го носев на одмор на 2 ипол мес, прашував педијатар ми рече никако мачкање со фактор, дури ни Алверде не, што е со минерални филтри.
Јас би избрала Биодерма, лани ја користев, годинава пак. А од Каротен имам неубаво искуство, ме печат очите од неа.
А каде е најефтино да земам Биодерма? Јас 2 год мачкам со Каротен, ич се немаше изгорено ама сега 2 деца ...
Леле никаде, абе ако начекаш Биодерма на попуст те молам пиши, лотарија е . Скоро па ич не пуштаат попуст.
Јас ќе ја послушам @Cherry blossom89 и ќе земам Еуцерин. Баш сакам така што убаво се размачкува. А гледам и баш има пакувањето. Доволно е едно за на одмор?
Имаше во аптеката во Капитол пред месец и нешто 15% попуст на цела линија Биодерма. Они стално имаат попусти на брендови на медицинска козметика како Ла Рош, Биодерма, Уриаж итн...
Суперр, баш земи ја и кажи како ти се допаѓа. Инаку даа, едно ти е сосема доволно. Малечки се, не се троши мн за нив.
@Sanniii сега видов, мислев над 6 месеци ти е малото. Јас почнав со мачкање на отприлика 7 месеци, тогаш толку имаше во лето. Мала е, не ставај ништо, само пази ја од сонце и покривај со тетра по телото или капче со заштита ставај. Јас така правев. Гледај бар во нај жешкото не се појавувајте на сонце.