Дали некој го има купено овој крем? во каталогот за овој месец е по оваа цена а вчера бев не можев да го најдам. Имаше на бејби лав ама не по оваа цена туку може 100 ден поскапи беа
Многу лесно се размачкува не остава бело не е класична крема повеќе е како лосион, ама е прилично мрсна и свети. Мислам дека е супер за дете дека немаат трпение они да седат да се мачкаат до бескрај
Од која крема не печат очи, го користевме каротенот но многу пече? Што мислите за санденс кремите од ДМ за деца (7 и 3)?
Сега ги користев sundance sensitive и супер се покажаа. За следен одмор пак планирам да земам од нив.
Гамарде е исто од 3 месеца, ама јас не би изложувала на сонце и не би ставала никаква толку рано плус нели имавте атопична кожа.
Секако нема да ја сончам, мислев за дополнителна заштита додека сме под сенка, сабајле до 10ч и поручек после 18ч. Нема да се печам со неа на плажа.
ние Сан денс сензитив последно користевме. Ок се покажа не остава бело нема мирис. @happygirl јас под 1 година не сум мачкала деца со такви креми. Под сенка со тенко ќебенце покриени и немаат гајле.
Женски здраво на сите Ме интересира околу фактор за сончање Знам дека со 6 месеци не се мачкаат бебиња со фактор,така барем имам читано,ќе одиме на одмор бебето ќе прави 4 месеци за некој ден на одмор одиме од 25ти,тогаш ќе има скоро 4ипол,па дали треба со некој фактор, секако нема да го држам на сонце и не после 11 час. И дали може и што доколку може на пример ако го касне комарец или некој исект со што може да се мачка?? Синопен дали може или не? Ова ќе ни биде прв одмор,прво бебе и немам искуство Имајте убав ден сите и секое добро
Јас искрено кога ја бањав сабајле во море и мачкав на ноџињата зошто само тие и беа голи, другото покриено со купачи и капче. попладнето не зошто не е толку јако сонцето. имам земено на биодерма што е од 0+. за убоди на фрезидерм after nip, за после 3 месеци е
И облекував, особено затоа што утринското бањање се околу 10-11 не фаќаше пред да се прибереме, зошто дур стане, дур да одиме на плажа, па ќе заспиеше, а сонцето е доста јако. попладне обично исто пред одење ја бањав, накај 7 и тогаш само по пелена.
@Anifani не Синопен.За над 2 години е. за сончање ова има најчист состав.Едина маана му е цената, околу 1400-1500 ден
Ова не ми е познато,а каде го има по аптеките?? Има и други производи за бебе од оваа козметика ,ова е за сончање?? Па да солидна цена има,но искрено кога внимавам и за себе сакам да е квалитетна козметика па и за бебе не ми штедела сигурно Но дека сега прв ни е па еве истражувам А за синопенот исто не знаев Фала ти многу