^^јас одлучив Еуцерин да зедам, не му менувам фирма, па 30-50 што има кај нас тоа, видов на официјалната страна има 30ка ама кај нас дали има ќе проверам. Наредна недела сме кај матичната, па баш ќе ја препрашам оти ми посочи повеќе од 30ка да не мачкам
Мислам дека ти е тоа добра одлука. Штом си ја нашла козметиката која најмногу му одговара веројатно дека и со таа за сончање ќе биде исто. Има Еуцерин 50 ка. Во Еурофарм ја видов.
Јас овие не би ги ставала на бебе. Ако веќе мора да се мачка бебе, тогаш Гамард, Лавера, Логона или Алверде. Овие погоре набројаниве не.
Од таму ја земав сигурно зошто се сеќавам дека имаше некој промоција на Еуцерин, ме нападнаа и додека стоев случајно ја видов Мустелата. Имаше и од малото и од големото пакување. Лани 3 месеци барав по сите аптеки кај нас и на крај од Грција ја купив па затоа сега се обезбедив во Февруари (случајно). Кој знае дали и каде ќе има пак. Не знам зошто е секогаш вака со Мустелата кај нас, се нешто ја нема, касно доаѓа итн. Инаку во Грција е за нешто ситно поефтина и по аптеките често на акција со некои стикови спакувани во кофички за на плажа. @kukla21 ако видам некаде по аптекиве ќе пишам
Исто скоро. Еуцерин промоција, а јас барав мустела. Читајќи тука ќе си влезам во с.мол и ќе си земам алверде.
Eucerin пишав јас претходно дека имам 30 со физички филтри. Има 50-ка ам тој е со хемиски филтри и мене педијатар ми рече не со хемиски туку со физички филтри. И мене педијатар ми рече не повеќе од 30-ка баш за да биде со физички не со хемиски филтер. Земи слободно 30-ка. Секако меќу 30-ка и 50-ка нема голема разлика (факторот означува колку долго смее да се биде на сонце без повторно мачкање односно за колку време ја продолжува природната заштита на кожата). Бебе секако нема долго да чуваш на сонце ниту на јако сонце за да ти треба 50-ка.
Мислам кај истата матична сме, мене Драгана лани ми препорача да земам Бекутан, ми рече дека она дала над 1000 ден за крема на авене чинам спомна и детето цело поцрвенето, муабетот и беше дека и поевтините ја вршат истата функција
Кај неа сме, не ми посочи ниедна туку ми рече не повеќе од 30ка да биде. @JoyJoy фала на споделеното појма немав Фала и на @*Лорена* не ми текна за таа опција иако ти за Мустела си кажуваш, па ако овде не најдам 30ка Еуцерин од Грција ќе си купам, по пат аптеки еден куп, во некоја ќе се најде, ако ни таму нема е тогаш 50че
Ако за тебе е претерување, ок, претерувам. Ако веќе јас пазам каква козметика користам, сигурно и за деца ќе пазам. Така да, не е претерување. Хемии полни со нафтени деривати не сакам.
Алверде нема ни во Сити мол, ни во Капитол. Или уште немаат донесено или нема ни да донесат, затоа што има од другите брендови. Ако најдеш во друг дм, те молам пиши ми, и мене алвердето ми е прв избор.
Мајкички пишете каде ке најдете алверде со фактор да го пратам мм да земе Колку приближно кошта да не знаете?
Околу 400 и нешто беше лани и секаде го имаше, баш ме чуди што годинава го нема. Пишете им на фб на дм ке ви кажат каде и дали го има, вракаат одма
@anastasijaki мајка извини што досадувам, ова ли е тоа? Не сум од ск па морам точно да кажам што да бараат
Во кој Дм ја имаш видено кремава? Јас прашував во тој Веро Џамбо ја немаше, рекоа дека годинава може и нема да ја донесат.
Во Дм во Веро Џамбо ја гледав, ама веке имав купено друга па не ја зедов, ова беше лани август некаде, годинава не сум ја ни побарала.