Леле фала за сликава, читам 3+ е. Не знам јас кај прочитав дека е 6+ Уште да дознаеме какви се тие минерални филтри
Здраво драга, минерални филтри се исто што и физички филтри (друг термин за да се кае физички филтри), односно цинк оксид и титаниум диоксид кои се минерали во прав. Нано технологијата е еден процес на разложување на честичката во нано честичка со цел истата подобро да пенетрира во кожата и да не остава бела трага. Според многумина нанотехнологијата не е добра, меѓутоа нема официјални докази за евентуални несакани ефекти. Друг начин на работа со овие два минерали е микронизацијата или пак нивното обложување, со цел да се направат попријатни за размачкување и да нема бела трага од производот. Како и да е европскиот правилник за козметика (ова важи само за во Европа, бидејќи средтсвата за заштита од сонцето се класифицираат како козметички препарати) официјално го одобри цинк оксидот како минерален филтер без разлика дали е во нано верзија или не (иако некои марки не го употребуваат воопшто на пример Еко Козметикс кој користи само титаниум диоксид). Мене лично ми се допаѓаат и двата и сметам дека меѓусебно се надополнуваат и даваат комплетна заштита од УВА и УВБ зраците на најприроден можен начин одбивајќи ги (имаат еден вид на дејство како огледало, односно не дозволуваат штетните зраци да навлезат во телото во вид на топлина како што тоа е случај со хемиските филтри на пример)...ај да прекинам овде затоа што цело предавање ќе напишам ако продолжам...ахахахахха Позз
Јас сум во збунка . Еуцерин, Веледа, Логона, Хип...? чекам мнозинството да одлучи и да купувам. Решавајте побрзо ќе почнам да ги спремам куферите.
Денес сликав состојките на неколку млека. Приметив дека само алверде и веледа имаа и за бебиња и за деца. Веледа Хип Алверде Бејби лов Нивеа Гарниер
Па само Алверде и Веледа по состав се ок. Другите би се замислила дали би ги ставила на дете. И Гамард има солиден крем, ама поскапички се.
Имаше уште неколку марки наредени на рафтовите, ама не стасав да сликам состојки. Се сложувам за Алверде и Веледа.
Не знам да ти кажам, ако имаат нешто ново во линијата. Јас логона користам за двајцата од рагање, лани немаа.
Се извинувам некако ми промакнала оваа порака. Има хемиски филтри, и според мене е не. И јас така мислам...производите за нега не им се лоши горе долу, ама овие содржат хемиски филтри... Може да ми кажеш кое е првото средство??? Преубаво е...да не е веледа оти гледам го зборувате??? Само тоа и алверде се природни. Да и Гамард е ок. Според мене веледа...
Веледа е. Имаше и 50 мислам, јас ова го сликнав. Ова е за после сончање, јас за нас го купив. Ок ли се состојките и за бебе/дете? Алверде е ова. Сликава не ми е нај нај. Ако не утре пак ќе пробам да сликнам подобро.
Да не знае некој која е цената на Веледата спф50 во Зегин и Еурофарм? Обично имаат на Веледа колекциите разлики во цените овие аптеки.