Значи целата твоја дискусија се сведува на попови-лопови... Ништо друго. Секако дека и поповите се луѓе и ќе најдеш и меѓу нив секакви, ама Бог не е секаков... Него не можеме да Го излажеме. Попот можеби и ќе го поткупиме, ама Бога не! Уште само ова ќе ти кажам за земајта на прадедо ми, тоа беше аналогија со тоа дека се одзема многу (не)обработливо земјиште за да се шират гробиштата.
Јас само ќе го кажам случајот со еден мој роднина. Значи човекот на свои 70 години беше кремиран (во Белград живееше и таму е кремиран)по сопствена волја и тестамент кој го имал одамна оставено. Значи,не чекавме(некој пиша предходно дека не се вклучувале печките за едно тело),(незнам како го замислува членот тоа дека не се кремира едно тело,групно да не?)кремирањето беше изведено утредента после умирањето. Е сега,кога почина човекот ,членовите на потесното семејство повикаа служба која се грижи за тоалетата(капење,бричење,облекување на умрениот)а потоа дојде и поп кој го опеа телото. После попот дојде друга служба која се занимава со транспорт на умрениот до капелата.Значи умрениот не беше оставен да ноќева во својот дом. Утредента,отидовме сите во капелата(напоменувам дека се беше организирано од страна на служби,од цвеќе,читуљи и сл)сандакот отворен,покојникот си лежи....неколку роднини-пријатели одржаа говор ,а потоа со стоење го испративме ковчегот со телото на кремирање.Толку беше. Урната со пепелта ја однесовме на гробишта(има како парцела со насадени цвеќиња специјално за расипување на пепелта од кремираниот),сива пепел и неколку како пез бонбони големина парчиња остатоци.Сопругата на починатиот ја расипа пепелта во цвеќето и толку....
Значи попот прочитал само трисагија, а не опело. Зашто можеби не ни знаел дека покојникот ќе биде кремиран... Инаку кремирањето во Белград најчесто е групно. Оти температурата за да изгори телото и коските мора да биде висока.
Индивидуално е кремирањето. Температурата на тие печки е висока и за едно и за не знам колку тела, за тоа се правени. Што се телава, дрва? Па стави повеќе да се згрее побрзо. Да, постои групно кремирање, за животни, но и за нив постојат крематориуми кои индивидуално кремираат. Јас моите миленици ги кремирам индивидуално. Групно кремираат за тие што не ја сакаат пепелта назад, со тоа и ова кремирање е поевтино, оти тоа спремање на пепелта, тука е скапиот и подолгиот процес откако изгори телото(кој го интересира нека дознава кој е процесот).
Личен избор е на секој дали ќе биде погребан или кремиран.И во двата случаи телото исчезнува,а останува само духот.Јас сум против кремирање.
Јас сум за кремирање. И кога би бирала дали да ме кремираат или да ме стават 2 метри под земја би одбрала кремирање. Пред се бидејќи патам од тафофобија а друго нема да создавам непотребен трошок за погреби и слично.
Definitivno kremiranje,v zemja mi e uzasnoNe deka ke znam kaj sum ama moj izbor poarno neka me rasfrlat nasekade otkolku bljak zemja
Спрема учењето на мојата верска припадност, не сум за кремирање. Не ми е грижа за гробот во каква состојба ќе биде, само да имам обележано место.