Дали некој го има користено спф на Nacomi? Дали е многу мрсен (за мене таков е на моса или густ како леврана)
Анни фарм во капитол ја има https://www.annifarm.com.mk/product/la-roche-anthelios-anti-shine-fresh-mist-spf50-75ml/
Сакам да покажам како изгледа СПФ крема Beauty of Joseon на измиена и чиста кожа(имам масна кожа). Инаку црвенилото е од ретинол серум 0,5% на Nacomi. Синоќа прв пат го пробав.
и јас имам масна кожа ама ова според сликите не е дефинитивно за нас. Деновиве баш разгледувам која да ја земам зашто таа од бентон плавата која претходно ја препорачав ми е при крај Инаку внимавај со ретинолот. Од greek & gorgeous има со 0.1 % јас користам на 6sence ретинол со хијалурон. (последново оф топик. Сори. )
Јас да го пофалам стикот на Tocobo , предобар е за мрсно лице, реаплицирам на 2-3 часа и не се мрси , воопшто , содржи и нешто внатре што при допир нема никаква мрснотија, стварно многу ми се погоди , немам зборови, е сега се надевам дека добро ќе штити , јас поминувам со стикот на лицето повеќе пати. Одличен е и за под пудра. Се каам што не си земав уште еден, кажете онлајн каде може да се порача ( да е европска држава) зошто кај мене во Грција го нема
Барам било што од оваа линија, само да не е нијансирано, на Lookfantastic нема достава за Anthelios Dry Touch/Anti Shine SPF кремите за МК, ај ве молам кажете ми каде ги има да ги купам најблиску точно во кој град, аптека? Ако знае некој? Или да се нарача за МК од некаде? На инстаграм на La Roche Македонија, им пишам, постојано немаат.
Ми го препорачаа од coslovemetics овој СПФ. Исто како ништо да немаш на кожата. Не мрси. Го препорачувам.
Види жал ми е што не ти помогнало ама вака ќе те посоветувам. Ако сакаш мат да ти е лицето значи да нема премногу сјај и себум тогаш би ти препорачала спф минерал со цинк. Он го намалува тој себум што го лачи самото тело природно и ќе ти даде малце како мат ефект и така анти шине баш во смисла. се надевам дека овс ќе ти помогне. И не кривам никој освен компаниите што пишуваат така зборови колку да се купи и после луѓето да се разочарани и да не ја добијат таа цел што им било ветено на самата амбалажа .
Не е тоа проблемот, многу продукти наеднаш користи. А сака резултат за кратко време. Ова црвенило не е на арно. Тоа што не и одговара не треба да го користи. Освен тоа, тоа е спреј за заштита. Не може да очекува мат лице на сонце па не е само себум, се потиме и општо повеќе од вообичаено. Треба и вода да се внесува, ја имам читано дека внимава на исхрана и внес на вода. Јас би рекла дека е внатрешен проблем,а не надворешен.
Мене ми е одличен спрејот на Ла рош и многу практичен. Јас мислам дека не е до производот сепак, правиш некоја др грешка. А сега колку се затоплува повеќе времето , ќе се маати кожата повеќе, немој да очекуваш мат кожа на потопло време
За исхрана внимавам доста, а вода внесувам по 3л дневно. Лицето од други креми не ми е вакво, само од креми и спреј со СПФ ми е вака. Црвенилото ми се појавува откако ќе го измијам, после тоа се смирува. Јас сликата ја сликав одма после апликација на производот. Сјаен е спрејот, иако пишува дека е anti shine.Така да не мислам дека грешам некаде. Не користам агресивни производи, ниту пак многу производи одеднаш. Одреден период користам едно, друг период друго. Долго време не комбинирам повеќе производи. За потење ич не се потам, проблем. @koritsaki @buba4e89 Останува уште овој на Shiseido да го пробам
Другарка ми го има овој со сино капаче, и јас пробав од неа. Многу лесна и нежна текстура. Веднаш се впива и ја омекнува кожата.
За мрсна кожа некогаш тие анти шајн прават ептен проблем. Порано имав ептен проблем со таквите, откако сменив на креми за нормална кожа се врати се во нормала. @IamSexyAndIKnowIt и мене сите креми со спф ми прават проблем, излегуваат мозолки и чешање после неколку саати, вчера една на Виши ставив, до вечерта се чешав како шугава. Почнав ретинол да користам и сега се нервирам што немам саглам заштита. Спрејов од каде го зема? Позитивно изненадена од оваа нијансирана на Апивита, кога нанесував беше ептен густа и тешка, ама после еден саат се впи во кожата и убаво стоеше, и чудно, до вечерта ич не светнав (просек сјај како и секогаш).