Добро само јас ли имам проблем со креми со спф?! Се потам лудачки на лицето веднаш по нанесување. Проблемот е ист со неколку различни креми дури и оние стандардните за на плажа.
@Bozica1980 И јас имав тешки проблеми со СПФ кремите ако ме читаш по форумот секакви имам испробано. Последно ја купив оваа на Beauty of Joseon, на почетокот под неа ставав серум и тоник и не ми беше ок, мрсна беше, но сега само го мијам добро лицето и потоа ставам СПФ и ете како изгледа, трае доста долго без да се измрси, а и убав сјај дава. Многу е нежен убаво и лесно се впива и не остава бели траги. Но тоа не е се! Тука сум КОНЕЧНО да го претставам моето Holy Grail SPF стикче, омилен до крајот на животот! Врз кремата ставам и од стикот и лицето изгледа свиленикасто мат, нежно, и трае. Така со стикот нема потреба да плакам толку многу од кремата. Е сега црвенилото не знам од што ми е долго време го одмарам лицето од киселини. Пролет кога дојде обично ми е такво, сеуште немам откриено. Ете како изгледа СПФ стикот на Beauty of Joseon, на дневна светлина внатре и на сонце. пс. Јас не се потам, само имам масна кожа. Не топло, туку ЖЕШКО го препорачувам, толку е нежен, свиленикаст, мат, кога го ставам како со некое свилено марамче да поминувам по кожата. Инаку типката има споделено видео од Tacobo vs. BOJ spf stick. Се гледа разликата колку подобро и изгледа BOJ стикот од Tacobo, Таcobo не е толку мат, има некој сјај.
Со здравје да си го користиш. За Tocobo не се согласувам, баш е лесен, мат , свиленкаст, не остава никаков сјај. Нареден пат пробај го и него , ќе бидеш исто така задоволна
На видеото има разлика, веројатно на нејзината кожа е така, кај секој различно, ах не го менам за ништо BOJ, да има како уште 20 ќе си нарачам засекогаш да го имам.
@IamSexyAndIKnowIt јас имам екстра сува кожа/коса. Не знам од кај овој отпор кон спф кремите на моево лице
Моја пријателка има нормална кон сува кожа и оф СПФ креми и се лупат на лицето како бели трошки, мора многу хидратантен спф, овој од стокомак 300ден плавиот е ок за таква кожа, другарка ми е задоволна. Јас го земав истиот само за масна кожа ама ми се лупеше и мене како бели трошки.
Купив од биотен некоја цц крема баш сега. Ќе видам таа како ќе се покаже има и таа спф. Од таа линија кремата за околу очи ми е ок ама таа не е со спф.
Ќе го пробам и тој стик, штом толку го фалиш само се надевам дека штитат исто како и спф во вид на крема , зошто навистина не се чувствуваат при нанесување на лицето , буквално како ништо да не сум ставила
Да, нели тоа било поентата, да не се осеќа ништо, јас ставам и крема и спф стик, така ставам по малку крема. Се надевам дека штитат.
Само да Ви кажам искрено дека 13ч лицето ми е скроз мат после овој стик. Тек ќе се спремам за добра ноќ, па видов во огледало
Здраво драга од Белина имам пробано скоро се...Со поевтина цена СПФ 30 може да ти ги препорачам овие: 1. Леврана СПФ 30 855 мкд ама имаш 100 мл. за разлика од други марки кои се 50 мл. 2. Леврана СПФ 30 800 мкд за 100 мл. Лично многу ја сакам оваа марка, еве ти и видео од ефектот врз кожата, одлчно се размачкваат и не оставаат бело на лицето.За било што слободно пиши
Изгледа не ти дозволува на страната ФБ. Еве пробај преку статијата. На крај од статјата има видео http://biodevojka.blogspot.com/2021/06/blog-post.html
https://yeppeuda.mk/p/390/moisturizing-face-cream-with-a-filter-spf-50-pa-50-ml Баш за сува кожа, ми праи мерак пошо е ем крема ем спф (само што моментално им е солд оут ваљда ќе го донесат за брзо)
Ја пробал некој кремава од Round Lab? Моментално е најголем хит во Кореја и верувам дека е одлична ама ако има некој искуство нека сподели, во плаб ми е да ја земам