Olpeo во Гтц види за тестери, треба да ја има и во бебехоум во Сити мол има светли нијанси, јас сум светла исто така , 21 ја користам , а има и посветли (нијанса 13 ѕирни ја исто)
Јас од тука си ја нарачувам https://olpeo.mk/product/benton-air-fit-uv-defense-sun-cream/ Во моментов ја немаат прашав, дека ќе ја купам пак но за поклон . Во вторник ќе ја имаат ќе причекам.
Јас овој SPF го користам, веќе трет или четврт по ред трошам. По препорака на другарка го пробав лани летото и цело лето го користев. Продолжив и по летото, за секој ден наутро. Инаку имам комбинирана кожа склона на акни и овој СПФ ептен ми се погоди. https://coslovemetics.mk/product/complete-no-stress-physical-sunscreen-spf-50-pa-50ml/
Здраво. Дали некој го има користено овај производ и дали помага за црвенило кое се појавува од сонце? Ви благодарам. П.С. Доколку имате пробано некој друг производ од кој сте задоволни, ако може да ми препорачате...
Од Биодерма општо не ми одговараат овие, многу ме нафрлаа. Го користев пред едно три години и ми остана така,на крајот го фрлив.
Јас. Одлична е. За нетонирана ти ја препорачувам Aloe Soothing Sun cream од Cosrx или таа на Beauty of Joseon. Прекрасни ми се покажаа мене. Секако може да си земеш тестерче пред да ги земеш за да видиш дали ти одговараат
Драга имам многу пишувано и говорено за хемиски филтри па да не се повторувам еве погледни го ова видео каде е сѐ ѕбаво објаснето дефинитивно најдобра на Моса, Јас имам светла кожа и воопшто не е темна се спојува со тенот Повели комплетна рецензија со слики http://biodevojka.blogspot.com/2021/07/blog-post_23.html И двете се одлични и заштитуваат, разликаѕа е што оваа е пигментирана. Зависи каква сакаш. Која и да ја одбереш вистински избор ќе направиш.
Да си се цитирам сама - Ја зедов и океј ми е засега, многу лесна за размачкување, остава малку некој масен финиш, не е страшно. Но, првите дена ја користев прво hydra кремата на биодерма, па спф и супер беше. Потоа сменав, место hydra крема користев senstive, па спф и се рони некако... најверојатно едно со друго не одговараат
Количински дали ставате два прста спф? Мене и еден прст ми е доволен, за убаво да се размачка преку цело лице и врат. Ја најдов сликава онлајн, за колку треба да се става, и сега се плашам да не ставам премалку, а и тубата што јас ја имам дури и прави потенка "линија" кога ја ставам на прст така да можеби 1/3 од ова на сликата ставам, плус ова би ми дошло премногу за нанесување и размачкување, па ме интересираат искуства.
И јас не ставам толку. Ако ставам толку многу ќе ми биде мрсно лицето нема шанса да се упие. Еден прст е доволен за лицето и вратот и ако пак нешто остане ставам на дланките
На одмор кога идам да ставам толку многу бидејќи сум цел ден на сонце. Но тука нема потреба искрено сам секој си знае за себе колку е доволно
Хм, да не е ова муабет пуштен од производителите, нормално повеќе да се троши Незнам, да каже ако има некој што става волку многу, кај мене нема шанси со саати да се впие ова го кожа. Плус што секакп прво ставаме серуми и креми други…