^ Замислете да влезете во вода и под вода и не избрише. Мала шала,ставајте количински помалку, се дур не дојде до допир со вода, после вода неколку минути пак се нанесува. За преку ден најдобро е спреј да се аплицира.
Ај едно глупо прашање. Што е разликата меѓу овие блек ап на алкалоид што најмногу се земаат за на плажа и овие што ги користиме на еуцерин и сл. за секој ден? Има некоја разлика во составот или само производителот?
Добро е не сум само јас со осет што ставам него ли со "два прста" правилото. И кај магнолија гламур видов иста слика.
Јас ставам два прста но не толку дебел слој како што е покажано кај Магнолија. Влечам со кремата на едниот прст па на другиот, не одам цикцак за да ставам толку многу.
Разликата е тело и лице. Па сега ти види си. Пробај. Јас еднаш порано пробав со крема за тело од проста причина што ја заборавив дома таа за лице и се нафрлав цела.
Истоо, на нивеа беше и да си ја побарам јас бељата се исфрлив цела. Исто и еден за тело од дм имав земено уште пред години демек може и зс лице никад пак. Си се знае тоа што е за лице си е само за тоа а за тело си е посебно . Види тоа два прста е просто од рекламација и кој може. Ако сите ставаме има да останеме без фактор за сонце за месец дена и ќе треба по 1000 ден или колку и да давате секој месец. Кога се иде на одмор да повеќе се става и два пати на ден јас и до три пати .
Гледам во зегин еуцерин се на попуст се мислам кој да го земам hydro protect или Oil control tinted? Имам масна кожа па веројатно вториот би бил подобар?
Тотална катастрофа. Мене кремиве ми се премасни, воопшто не се размачкуваат, како малтер да имам ставено на лице. Ене ја стои еднаш пробана само, арно ме потсети да ја фрлам.
Пробував два нови фактори што многу ми ги фалеа и морам да ги пофалам. за мојата кожа ситуација: комбинирана / дехидрирана со акни и многу сензитивна . Прво на миша не остава бело, веднаш се впива, нема никаков мирис минимално си е како крема. 50кс фактор со хијалуронска внатре и не останува на површината. Не носам многу шминка за да кажам ама мене не ми сметаше и не ми правеше текстура. Пред него ставам хидратантен тонер бидејќи мојава кожа се упива. Токобо многу сега познат бренд станува и има некој работи што не би ги пробала од нив искрено не се толку чисти за мене но факторов ме изненади. Убаво мириса стварно ради таа fruit water состојка и е богата со витамини. Не остава бело, веднаш се впива, дава малце минимален сјај што мене не ми смета. Под шминка си е исто такс одлично не ми правеше некој проблем. Потврдо е малце треба да се стисне производот но одлично по малце искача. Двата се околу 800 денари тука негде ги видов како поевтина варијанта од корејскава козметика па затоа и споделувам тука мислење за ако на некого му треба или сака да ги проба .
@Bella__ Јас од Токобо сум презадоволна , стикот го имам , сигурно и ова е добро може некогаш да се проба
Па пробај со sun dance на дм марка имаш крема и флуид за лице, јас моментално nivea користам и океј е не ме поти и не светам.
Денес купив La Roche Posay - Anthelios Oil corect SPF 50 Дали го имате користено? До сега користев Eucerin Oil control Dry touch
Дали некој го има користено новиов sun stick на Beauty of Joseon? https://coslovemetics.mk/product/beauty-of-joseon-matte-sun-stick-mugwort-camilia-spf50-pa-18gr/ ми е страв да не ми ги блокира порите
Јас го користам. Одличен ене ги блокира порите мал е го собира и во мала ташна не треба да се секираш дали ти се чисти рацете за реапликација. Нема ништо подобро
И @IamSexyAndIKnowIt го користи , пишуваше дека е многу задоволна. Јас на Токобо го користам и исто сум многу задоволна. Прелесно е за реапликација
Малку ми е чудно со стиковиве... како трае х месеца ако треба дневно да се става х количина? Овие течниве барем знам колку треба да се става за оптимална заштита, 1/4 лажица демек, како тогаш да мерам со стик кој е 18 грама? И дали сум само јас или поскапеа кремиве баш пред летово да почне? Алтруистов гледам ја поскапеле.
Јас одамна уште сакав да ја наручам СПФ кремата на Beauty of Joseon и мислам дека беше достапна додека не излезе овој стиков што сакаат сега да го продадат, и сега на coslovemetics демек кремата воопшто не им е достапна, иначе ќе си ја нарачав неа. Во други онлајн продавници исто недостапна, освен во една каде пишуваше бесплатна достава, а на checkout ми наплаќаше, па се изнервирав и не ја нарачав. Мислам дека не е случајност што ја тргнаа кремава баш кога се појави стикот, ама ајде го нарачав па ќе го испробам, да видиме.