Јас стикот го користам и сум презадоволна од мат изгледотот и нежен е ептен, ама не го користам секој ден, јас не можам да поднесам многу продукти во исто време на лицето преку ден, само миење тапкање со тоник понекогаш, и спф крема еден слој па друг. Толку. Дури и тоа ми тежи. Кремата на BOJ самата по себе дава убав и нежен сјај, мене лицето ми е за никаде, масно, ама кремата е нежна ептен и се впива убаво со тапкање па неколку часа изгледа ок и без стикот. Стикот ми е за понекогаш со мене го носам кога ќе видам дека ептен светам да се поминам да се матирам или ако сакам да ставам помалку спф крема па со стикот да надоградам што ретко има потреба. Бидејки чуството само со крема е полесно и свежо, а со стикот како да ми тежи по некое време, а нежен е ептен. Врз шминка стикот никако, ја брише. Доволно ми е да се измијам и да си ставам веднаш спф крема, тогаш најубаво се впива. Сега ја користам и на БЕНТОН скин фит темно сината, остава малку бели траги околу веѓите и го осветлува лицето ептен, не е мат, сјајна е, ама здрав сјај дава. Слично на BOJ. Бентон е малку потешка, БОЈ е мн лесна крема, најубава на текстура до сега, ама мислам дека не штити како што треба од зраците за разлика од Бентон. Со БОЈ помалку вцрвенувам, со Бентон ич. Инаку најмасна СПФ крема на животот ми е La Roche Oil Correct за мат кожа, уствари она свети како зејтин. Штити ама баш спротивното од маркетингот го дава, Ја купив 2000мкд во аптека и така стои само кога одам на планина или на плажа би ја користела оти искрено таму никој не те гледа и не се замара каков си во лицето што можам и сама да се поднесам со масно лице. @LovelyGirl3 @vviktorijaaa @koritsaki @carly j
@IamSexyAndIKnowIt јас истото го практикувам колку помалку работи на лицето , толку подобро. На пример не можам да истрпам некогаш крема за лице па спф, или спф или кога нема сонце само крема на лице ставам. Тоник, серум и спф , тоа. Да ти кажам еднаш пројдов со стикот врз шминка ама не приметив нешто ич да не пробувам др пат. Оваа крема на La roche , иако кажуваат дека е гел, мене ми се гледа како мус крема и други кога ја нанесуваат изгледаше како тешка и масна крема значи вистина било Да си знам да не ја купувам во иднина, фала ти
Како ја осеќаш после ставање? Мене ми се чини како ништо да немам, не осеќам ништо на лице. И сега скептична сум дали воопшто има ефект
https://www.bellina.mk/p/1688/lab-biome-khidratantna-krema-za-litse-so-spf30-50-ml?categories=111 топла препорака , многу убаво се впива и ја хидрира кожата и дава одличен сјај .. Моето лице е комбинирано и супер ми е .
И конечно по дооолга потрага најдов крема со фактор која ми одоговара... не ме пече, не ме чеша лицето од неа.... единствена маана и е што е така помрсна, ама јас имам ултра суво лице па така да ... погодена е. За некој со розацеа, препорачувам! https://www.caretobeauty.com/nl/en/...-rosaliac-ar-soothing-moisturizer-spf30-50ml/
Користам спф 50+. Е сега сакам да почнам преку ден да ставам ББ крема која е спф38, па ме интересира дали има потреба откако ќе ставам на лице ББ крема со спф38 да ставам и од другиот спф50ка или доволно би ми била заштитна ББ кремата?
Да има потреба да ставиш посебен фактор за лице. Поради тоа што во бб пудрата не е ставен како главна состојкс ниту како оноа да заштити кожата преку сите состојки што ги има внатре. Ако ја користиш ссмо бб пудрата со фактор мал во нејзе само ќе си направиш контра ефект и ќе немаш никаква до минимална заштита од сонцето. Ќе си направиш само оштетување на бариера од сонце и дамки флеки од него. Тоа е само совет и чиста информација од експерти со докази и што имам гледано читано и сеуште учам за тоа, а ти како сакаш твое си е .
Здраво девојки, сакам да купам спф крема на missha но не знам која е разликата помеѓу овие креми.. ако знае некоја од вас да ми пише која да ја земам. Иначе имам комбинирана/мрсна кожа. До сега немам користено крема и сакав да купам, а воедно и бб кремата на missha ќе ја купам, читав доста позитивни коментари и за нејзе.. се надевам нема да погрешам https://olpeo.mk/product/missha-all-around-safe-block-cotton-sun-spf50-50ml/ https://olpeo.mk/product/missha-all-around-safe-block-aqua-sun-spf50-pa-50ml/ https://olpeo.mk/product/missha-all-around-safe-block-essence-sun-spf45-pa-50-ml/
Bidejki gi imam probano mozam da ti kazam : Koton ti e mineralen so zink vnatre so znaci susi i e matiracki malce. Najpogoden za mrsna do kombinirana koza. Akva ti e hidratanten odma se vpiva ima nekoja minimalna sjaj no pominuva i ne ostava belo. Esencija ti e kako krema so faktor ama lesna mnogu 6 vida na esencii mislam deka ima vnatre. Odlicna e i kako podloga za pod sminka jas i na drugarka i kupiv i se pogodi mnogu. Iskreno site bi ti odgovarale samo zavisnost ti sto sakas da postignes so nego. Ako sakas da ti gi isusi tie pomrsni delovi i matiracki malce koton. Ako sakas malce hidratacija no odma da se vpie akva. Ako sakas hidratacija povekje i da e dobra podloga za sminka esencija. Se nadevam ova ke ti pomogne .
Надвор од конкретната тема ама како да сме сигурни дека е точен факторот и дека има заштита.Јас ја користам оваа ама не сум 100 посто сигурна дека е доволно испитана и дека има добар фактор
Не можеме баш да знаеме (освен ако сами не ја пуштиме кремата на проверка во лабораторија), можеме само да веруваме дека нема пропуст кај агенциите што ги испитуваат кремите, исто како што се потпираме на агенциите за контрола на храна итн (не зборувам стриктно кај нас, туку општо, низ цел свет). Не е дека нема стандарди, се контролираат овие работи, меѓутоа се случуваат пропусти. Пример беше Пурито пред некоја година, кога од INCIDecorder им ја пуштија кремата на испитување во некоја лабораторија и испадна дека има фактор 20 наместо 50. Наводно од Пурито не знаеле и е вина на произведувачот. Искрено, не знам како се случуваат овие работи, затоа што сум прилично сигурна дека има строги стандарди и барања во ЕУ, ама ете, можно е.
Зошто имаш сомнеж за факторот, колку време ја користиш? Земав од истава марка спф само кај мене е vegan primer glow. 2 недели ја користам, ама сонцево нигде го нема за да проценам дали штити. Прв пат користам нивен производ, се надевам дека се солидни?!