Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Која крема со заштитен фактор ја користите за масна кожа ?
     
  2. Lovelynne

    Lovelynne Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Дали сте задоволни од кремите со СПФ Uriage? Во потрага сум по спф крема со физички филтри.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.637
    Пол:
    Женски

    Ja имам користено , одлична е за масна кожа , само мирисот ми сметаше (прејак за мене , општо си имам проблем со мирисите :wasntme: )
    ако имаат тестерче нека ти дадат прво да ја пробаш :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Aко преку цела година си користите креми со фактор, дали тоа навистина ќе даде ефект години подоцна да имате убава кожа. Секако, важно е да не претеруваме со изложување на сонце. Искуство?
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Тоа ќе го дознаеме за 10-15 год.
    Ама верувам дека има разлика. Е сега зависи и од самата кожа не е кај секого исто. Изложувањето на сонце е неминовно, јас ако немам ставено спф 50 во лето поцрвенувам од кратко изложување на сонце( не мора да е директно имам изгорено во лицето од 1час возење во кола)
     
    На Konfetka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Дали кремите на Sun Dance се добри за сува кожа?
     
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Тоа сега стана тренд реално,не верувам дека некој пред 3-4 години спф користел под пудра
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Јас сум го користела овој:
    Како што кажаа и на претходната страна, малку мрсничок е, така што е добар за сува кожа.

    Не сум сигурна, ама мислам дека портокалевите беа со алкохол, што значи „посуви“ се. Ама нека каже некој што ги користел :).
     
    На Aschenputtel и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Јас досега никогаш не сум користела креми со спф,а и сеуште се двоумам искрено. Прв пат тука прочитав од пред некое време.

    Некако форсирани ми се кремиве и преголемо значење им се дава (не дека не се важни и имаат позитивно дејство врз кожата)
     
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    А зошто се двоумиш ако и сама мислиш дека се важни и имаат позитивно дејство врз кожата?
    (Не те форсирам или напаѓам, туку ме интересира) :D
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Искрено, не знам точно какво дејство и корист би имале за мојата кожа. (периодов баш читам околу тоа, ама не најдов некој конкретен одговор)

    Не знам, можеби грешам, ама последниве неколку години целата нега (лице, тело, коса..) ми е премногу комерцијализирана, само се нуди нешто да "шлакнеме" на лице...

    Може и ќе купам СПФ крема, ама би било од чиста радозналост
     
    На Selest му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Хм, штом си читала, веројатно ќе го знаеш ова што ќе ти го кажам, ама не штети да се повтори: СПФ кремата е важна за секоја кожа, со цел да ја заштити од зрачењето на сонцето, кое пред сè, предизвикува стареење на кожата, односно сонцето ги оштетува кожните клетки, со што се намалува и производството на протеините колаген и еластин, кои се одговорни за изгледот на младешка кожа. Овие протеини и онака се намалуваат природно, како старееме, но сонцето дополнително допринесува кон нивно намалено производство, што не сакаме.

    Поради вакви процеси се јавуваат и sun или age spots, односно оние флеки што ги гледаме кај постарите луѓе на лицето, вратот (т.е. деколтето), дланките, па дури и долж рацете, како поистакнати делови од телото кои најмногу се изложени на сонце. Така на пример, кожата на внатрешноста на рацете е секогаш бела и „неоштетена“, т.е. изгледа помладо, бидејќи не е изложена на сонце. Ако на сето ова ја додадеме и заштитата од рак на кожата, мислам дека е јасно зошто толку се форсира.

    Сепак, многу важно е кремата да има филтри кои заштитуваат не само од UVB зраците (оние кои ти ја горат кожата), туку и од UVA зраците (кои се невидливи, не ги чувствуваш, но тие се оние кои ја „стареат“ кожата).

    Се надевам дека мојот одговор е добар :).
     
    Последна измена: 12 мај 2020
    На dayla, Glossy-girl, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Убаво објаснето, ти благодарам.
    Ме подзамисли..
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. annchii

    annchii Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    @pdb123
    Читам добро си упатена. Би те замолила за совет за предлог крема со спф 50 за мрсна кожа
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Искрено, не би можела да ти препорачам од проста причина што јас имам сува кожа :D. Најдобро би било да ги разгледаш останатите страни од темава, и онака не се многу. Сигурно се појавило прашање како твоето или некој предложил крема што е за мрсна кожа, т.е. крема што не го мрси лицето дополнително :).
     
    На annchii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Пред 3-4 години скоро сите вадевме шминка со влажни марамици, така да... Толку сме знаеле. Тренд можеби е, ама позитивен. Лани моја блиска ја оперираа од тумор на лицето. Причина бр.1 за појава- комбинација сонце+ цигари.
     
    На Konfetka, dayla, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Со бекутан вадев :rofl: И почисто лице имав него сега
     
    На Sexychica, Tanjamm и scorpias им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Јас добри 4-5 години, вадев шминка со влажни марамици, тоест делумно ја вадев, оти тие не чистат се.

    По некое време забележав ситни брчки околу очите, и пребарувам на интернет, читам марамчињата биле штетни, ја сушеле кожата и доведувале до појава на брчки. Баталив марамчиња, шминка мијам со вода, сапун, оти не сум сигурна дека некој лосион е квалитетен и безбеден. Сега помалку се шминкам.

    Мој совет, не пушете, не пијте премногу кафе, јас пијам и мана ми е, спијте доволно, не се нервирајте, хранете се здраво, и така ќе има бенефит и телото и изгледот.

    Инаку, многу хемија не верувам дека е добро. Моја братучетка купува се живо што ќе види во каталози на Орифлем и Авон, буквално за тоа работи, на тоа си ги троши парите, шминка вади со тоници, лосиони, и денес има повеќе брчки од мене.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Квалитетот и изгледот на кожата зависи во голема мера од гените. А и Авон и Орифлејм, па и не ми се некој синоним за квалитетна козметика.
    Не сметам дека крема со заштитен фактор е нешто што треба да се избегне, поради мотото “многу хемија не е добра”. Киселини, витамин Ц, хемиски пилинзи, ретиноли се нешта кои може, но и не мора да се користат. Ама спф- задолжително.

    Се одјавувам од темава, ко Јеховин сведок се осеќам со пропагирањево крема со заштитен фактор :D
     
    На mira.mira, dayla, M.B. и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Ок си е, се сложувам. И јас сум за креми кои штитат од сонце, затоа што можеме да си навлечеме рак на кожата. Инаку, мислам дека и шешир може да помогне доста. Што мислиш за шешир, шапка?

    Мислев за братучетка ми дека куп пари фрли по секакви креми, лосиони, пилинзи, тоници, и денес има брчки. Не секогаш купување на се и сешто значи и убав изглед.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.