Остава бели траги и ептен тешко се размачкува, откако ќе се исуши како маска стои на лице некако суво и непријатно. Јас не сум задоволна воопшто. Досега најдобра ми се покажала на Beauty of Joseon
Предлог за спф крема за масна кожа (без акни)? Да не остава сјаен финиш и да го држи себумит под контрола. Да е достапна во Мк и да е до 1500 ден од прилика.
Случајно, сакајќи да го разгледам тој на tocobo, гледам по тик-ток и овој го фалат https://coslovemetics.mk/product/beauty-of-joseon-matte-sun-stick-mugwort-camilia-spf50-pa-18gr/ Наводно исто супер за масна кожа и поспоро се трошел. Дали брзо се троши тој на tocobo? Со оглед на тоа дека е само 19гр.
Тој на Beauty of joseon е исто тука негде, 18 гр стиковите имаат горе долу иста грамажа , јас го користам од крај на април и моментално ми е до пола наредно ќе го пробам и тој стик а за овој на Токобо потврдувам дека е одличен за масна кожа
Девојки пак јас со моите дилеми околу спф. Дали некоја го има користено на Vichy spf 50 матирачкиот? Дали навистина е мат? Користев до сега на La roche anti shine, ама не можам сега да ја најдам. Барам нешто да не остава сјај на лицето
Стикот на Beauty of Joseon стварно има јак матирачки ефект и делува и по 8ч, многу е лесен на лицето и дава некоја свиленкаста текстура на кожата, но единствена маана гледам во тоа што не знам дали сум ставила на цело лице и дали е тоа доволно, со кремите некако поголем осет имаме колку и каде ставаме.
Јас само шо ја зедов оваа, на прво нанесување вака супер ми делува. Има конзистенција на флуид и не остава сјаен финиш. По составот ја избрав, да биде fungal acne safе, па ќе видиме како ќе се покажи понатаму.
110g е пакувањето. Да, со хемиски филтри е (Octinoxate, Uvinul A Plus, Uvinul T 150 и Tinosorb S), воопшто бело не остава и да, водоотпорна е.
Ти благодарам. Досега сите препораки од тебе ми се погодиле, ќе ја земам. Користев на Ла рош по твоја препорака исто, ама anti shine не можам да ја најдам, а прекрасна беше. Ќе ја земам сега оваа.
Како нанесувате стик на лице, тоа ми е дилемата, со прсти? Глупаво е прашањето, ама таква конзистенвија не сум користела за лице? Тониран стик е?
@st2007 баш ми е мило Исто така и Beauty of joseon стикот го фалат, кој најдеш тој земи го од овие два @Abel поминувам неколку пати на лицето , не е тониран стикот тој што јас го користам