Женски дали кога одите на одмор ставате СПФ после секое излегување од вода(како што ставаме на телото)или доволно е сабајле па заштитува цел ден?
Мене ми е добра Photoderm Age Spot, не е мат има некој сјај, но е многу лесна, а досега ништо не ми беше погодено (имам мрсна/дехидрирана кожа) Инаку од биодерма ја имам Sebium sensitive кремата, но повеќе како Hydra (зелена) како да ми одговараше, оваа sensitive ми се рони
Не мислам дека е до тоа, не знам ни дали постои таква крема. Знам во САД можат или можеа да прават креми само со УВБ заштита, а во ЕУ е задолжително да има УВА заштита од барем 1/3 од УВБ заштитата. Си ги проверив и јас другите креми што ги имам дома, еве пример на Sundance, од сѐ што пишува, само УВА е заокружено, а мислам и на други креми се истакнува на еден или друг начин УВА заштитата. Не знам која е причината, можеби останало така од времето кога не била задолжителна УВА заштитата, па истакнувале дека сепак има и тоа покрај УВБ
Мислење за оваа крема? Ја има некој користено? Дали добро се прилагодува на лице, дали издржува бар 6-7 саати?
Препорака за санскрин што не пече кога ќе влезе во очи? Моментално го користам овој ама навечер кога мијам лице многу ме пече. Сега веќе ми е при крај па сакам нов да земам, по можност со dewy финиш. (Нормална кожа имам.)
@koritsaki ќе те тагирам пак, ако си во можност да направиш споредба со токкобо стикот и ла рош спрејот спф 50. Гледам овде во гр е 18 евра, што е поефтино од кај нас, ама се мислам и за стикот сега кога прочитав дека не е мастен. Ти благодарам
@violetblue Спрејот не ми е толку мат како стикот. И двете не се чувствуваат на лице инаку, и двете се лесни за нанесување.
Девојки имав користено Bioderma Hydrabio 30 сакав оф истата линија 50 но ми рекоа немаат и ми предложија Photoderm Creme 50+ па сакав да слушнам мислење ако некоја ја користела дали е лесна кремата да не светам од неа
https://olpeo.mk/product/cosrx-aloe-54-2-aqua-tone-up-sunscreen-spf-50-pa-50ml/https://olpeo.mk/product/cosrx-aloe-54-2-aqua-tone-up-sunscreen-spf-50-pa-50ml/ Дали некоја го има користено оваа тонирано спф кремче? Дали одговара на масна кожа? Не можев да најдам опис.
Многу подобра текстура и полесна заразлика од таа зеленста. Мене ми се свиѓаше и добра ми беше за под коректор бидејќи тоа обавезно ставам и не остава бело бидејќи е тонирана. Јас имам комбинирана мн сензитивна кожа така да . Сега лето посебно ми се мрси и си светам…