Абе не користеле порано спф затоа сите се со флеки по лицето, некои и со маргарин се мачкаа за да се исончаат па пораснавме сфативме дека е погрешно. Пред една недела искочив да пешачам, се намачкав спф 50 на лицето и вратот ама не сум ставила убаво околу маицата на градниот кош. Еве ме сега со "огрлица" исончана. Ако не ви е јасно колку е јако и штетно сонцето, подобро да се спречи отколку да се лечи. Можеби е тренд или просто ни станаа подостапни кремите за лице со солиден спф фактор.
Планирам да земам еуцерин/биодерма, да инвестирам појако годинава... претходната година мустела користев, иако се согласувам дека добро е дури и во зима да користам и да ми е навика ама ете. Предлог некоја?
Го купив овој, на кожата брзо и лесно се размачкува и веднаш се впива а на допир се чувствува леплив слој на лицето. Имам сува/нормална кожа и никогаш не ми се случило лицето да ми изгледа мрсно и да ми свети а при користење на овој spf баш такво искуство имам. Претходно не сум користела друга крема, малце нова сум во овие skincare рутини па не би можела да споредам. Не знам дали така "треба" да светнува лицето од овие креми?
До сега ја користев кремата за лице со спф на Apivita suncare spf 50 и ми беше одлична , сега ме заинтересира оваа на Eucerin што ја спомнувате погоре , па баш ја порачав , чекам да ми стигне да ја пробам
И јас го имам sundance флуидот (зелениот) и не го ставам на лице веќе пошто премногу ми ја мрсеше кожата и лицето никогаш толку не ми светело. За да не заврши во канта ќе го мачкам по телото барем. Мислам дека не треба да светнува така лицето. Пробај некоја друга крема па види што ќе ти одговара повеќе.
Ја земав и јас кремава, ме привлече тоа што пишува дека е за оние алергични од сонце. Мене алегија најмногу ми се манифестира на долниот дел на вратот и рацете. На почеток вака, во пролет кога првично сум изложена на сонце, не можам да излезам од дома без да сум скроз покриена на тие делови и плус со СПФ 50. Вчера и завчера ја тестирав кремава, излезена по кратки, секако со премачкување на саат ипол повторно и супер ми се покажа. Нема црвенила, нема чешање - топ. Е сега за на лице не знам како е, за тоа ги користам наизменично Bioderma Photodrem SPF 50+ со dry touch и тонираната крема на Heliocare со 90 фактор. Биодерма ми е веќе проверена неколку лета уназад, супер е што не остава мрсничок финиш и многу лесна конзистенција има, буквално како водичка. Оваа од хелио пред месец ја земав, најмногу ме привлече тоа дека е со 90 фактор, нешто што немам досега сретнато. Сега за сега не сум забележала да ме исфрли, иако е доста помрсничка.
И јас се мислев. Ама со мојата комбинирана и чувствителна кожа, подобро не. Штом тебе ти е мрсен со сува кожа и светнуваш. Што мислите за Eucerin Face Sun Fluid 50? Пишува за нормална кожа и дека матира. Има добри коментари.
Ја користев на frezyderm sun screen velvet 50ка, ама многу брзо ми светнуваше, ми го мрсеше лицето. Сега ја земав eucerin oil control 50ка, лесно се впива и што ми е најважно не ме мрси дополнително, имам комбинирана кожа и супер ми се покажа кремата за сега. Наредна сакам bioderma hydrabio perfecteur да ја пробам
Eucerin oil control 50ка ја земав, добра е, не мрси дополнително. Ќе видиме навака. Инаку денес е прежешко и излегов без фактор за да купам крема, а кожата ми се направи црвена ептен. Носете креми за да не шетате како домати.
И јас го купив овој, дефинитвно најлошо нешто што сум ставила на лице. Кога го мачкав не ми изгледаше толку мрсно, дури имаше интензивен мирис на алкохол, но потоа стана ужасно лепливо и мрсно. Лицето ми светеше како да сум се мачкала со зејтин, со таа разлика што зејтинот немаше да лепи така. Ќе го искористам за на одмор за нозе, ако не ќе заврши во канта
Сува кожа имаш? Имаш користено друга крема? Јас сакам нова да купам затоа што со оваа не планирам пак да излезам надвор.
Имам комбинирана кожа во зима, но во лето ми е мрсна. Овој го земав по препораки тука на форумот и на инстаграм, но планирам да го купам тој на Eucerin затоа што почнав со третмани со киселини. Не искачам многу преку ден, посебно сега со ситуацијава скоро ич, ама морам да набавам квалитетна крема, некоја што се впива, не лепи и ќе можам да ја толерирам на лице.
Тогаш на нозе само. Инаку баш ме интересираше мене каков ќе ми е на лице, го пробав сега и не ми остана ништо мрсно на лицето, ниту лепливо. Ама јас имам нормална накај сува кожа, најверојатно на твојот тип не одговара.
Денес ја земав на Eucerin oil control 50, ќе видиме како ќе се покаже. И на попуст ја начекав, 797 денари. Се мислев, читав, Heliocare ја немаат во Еурофарм во Штип. Аптекарката ми ја предложи и на Frezyderm, сепак оваа.
Sundance Sensitive, 199 денари Ако те интересира повеќе, денес направив пост на инстаграм за него. @skin.aficionado