Девојки дали ја користи некоја од вас кремата на eyenlip cica calming? Дали имате приметено разлика? Јас искористив едно пакување и ми беше супер за мојата комбинирана кожа, но сега кога ја земав по втор пат не е истата крема, лицето ми го прави бело, како да ми ја суши кожата, мирисот е различен. Не знам зошто така за џабе си ги дадов парите. Да ми препорачате некоја друга за комбинирана проблематична кожа.
Оваа им е нова ја немам користено , ама гледам и тука ја донеле претпоставувам слична е. Кога ќе ја пробаш баш пиши
Ја пробав. Одма се впива, не е мрсна и не свети лицето од неа. Мислам дека идеална би била за тие со мрсно лице. Моето не е мрсно ама ми одговара.
Како сте задоволни од кремов за нормална кожа склона кон акни? И дали знаете каде би можела да го најдам, во Зегин го немаше.
Јас ја користев порано. Ама да знаеш не е за нормална кожа туку за мрсна. Јас во Грција ја купував , околу 14 евра
Фала ти многу.. Може да му дадам шанса, читав дека е добар за кожа склона кон акни, многу од кремовиве имаат масла што никако не ми оди со акниве..
Јас ја користам оваа крема моментално , што е наменета за кожа со акни и исто ми е супер https://coslovemetics.mk/product/so...eral-calming-tone-up-suncream-spf50-pa-50-ml/ Единствена маана е што тешко се размачкува ама по неколку минути фино се впива и лицето воопшто не е масно како со др спф креми. Ако не ја најдеш таа погоре, можеш и оваа да ја пробаш
Оваа крема среќа што ја имав на тестер а не во full size. Текстура катастрофа. Како малтер на лице. Не знам како некој ја користи. Денес го пробав овој тестер На прво користење - перфект. Значи дефинитивно купувам. Во моментов користам една на tocobo. 10мл е во тубиче. Инаку и таа е топ. Посебно за под шминка.
@marchi-cool Јас ја користев таа погоре , ама не ivory туку втората нијанса по ред, мене убава ми беше Кажи ми оваа на Skindividion дали е добра за комбинирана масна кожа?
Одлична е на СкинДивижн, мене и од Моса ми беше подобра. Најдобар спф што сум го користела, ама скап е некако, оти мала количина е, 30мл. Преубав сјај и тен дава, одличен е.
@Annath да имаш право, скап е некако, сега влегов на страната на Белина и ја видов цената. Да не ги имаш пробано спф кремите на Bio lab од Natura siberica или од Bio solis? Сакам некоја лесна , немасна, што не сјаје и премногу , до сега ја користев на Some by mi корејска е, ама тешко се размачкува и ми се здосади веќе па викам нешто друго да пробам
Тие конкретно не, сега почнав со спф 20 кремот со витамин Ц на Натура сиберика, розевиот, редовно го користам од март до октомври веќе три години. Ми одговара на кожата и финансиски најисплатлив ми е. Штета за Скин дивижн, иначе редовно би го купувала, преубав е.
@Annath Е фала ти а вака доволно ти е спф 20 и за летниве месеци? Таа ја немам пробано исто така. Значи толку добра е таа на Скин дивижн , ако нешто ја стават на попуст ќе ја пробам
Доволно ми е. Јас не поминувам многу време на сонце во работен ден, наутро пред осум, попладне после четири. Ама и за јако сонце на пладне ми е доволна барем за движење низ град. И на плажа се мачкав со неа, ама почесто користев појак фактор за пливање. Ако ја стават на попуст обавезно да ја пробаш.
Да се вмешам и јас не повикана. Таа на скин дивижн јас ја користев исто и далеку полесна е од таа на моса, ама мене не ми одговараше зошто многу ме печеа очите од неа . А оваа на натура сиберика исто ја имам користено поодамна и многу убава текстура лесна има одлично ми легнуваше на лице.