Јас ја користам teinte lighht и мене ми е ептен погодена. Не знам колку нијанси имаат ама доколку имаш светла кожа оваа ќе ти е погодена. Сепак е крем и не се познава којзнае колку, само ти го мазни и изедначува лицето.
Ја почнав веќе. Ајде, нема веза, секако е сензитив, само не е МЕД ))))) Како шо глеам, баш е лесна, воденеста, па ќе видиме како ќе се покаже. Битно е да штити, а тоа не знам како би го осетил, пошо ја на лице не горам обично, освен ако ептен не дремам на плажа.
Светла сум да. Ја немам земено пошто мислев дека е без СПФ . Никаде не ми искача дека содржи. Туку дека е корективна само
Девојки, во Елокси има СПФ креми кои се на 35% попуст, па сакам да си искористам да го пробам Round Lab гледам ТикТок и инстаграм е преплавен со тој СПФ, го меркан некое време ама скапичок ми беше https://elloxy.mk/акција/ Го имате пробано, вреди да се купи? И стикчето од beauty of joseon ми фаќа око, од СПФ кремот сум презадоволна.
Предлог за заштитен фактор 100? Никогаш немам користено, секогаш ставам 50ка ама фатив сипаници пред 3 месеци и лом ми е лицето, а треба да се оди на одмор….
Како реаплицирате спф крема во текот на денот? 8+ часа сум надвор, често сум и на сонце изложена, ама никако не ми иде така крема врз крема да ставам на лице. А осеќам дека со еднаш ставање, не ми е доволна заштитата. Совет?
На тоа и размислував. Тоа се прска дирек така, без разлика што во текот на денот се собира нечистотија по лицето?
И јас сум се прашувала истово, посебно па ние што имаме мрсна кожа кога ќе ставиш три-четири пати крем во денот до вечер ќе биде ко да сум излегла од буре со сало. Не иде. Спреј сум пробала, ми влезе в нос и одтогаш неќам. И сега само по еднаш ставам кога излегувам насабајле во меѓувреме шешири, капчиња и очила, тоа е.
Не ми дозволува баш работата за да носам шешири и капи. Очила носам. А каков спреј користеше ти? На колку време прскаше? И што со нечистотијата што се собрала до тогаш? И јас имам мрсно лице, катастрофа сум летово.
@Ravenn @L.i.n.a.a Спреј или стик земете си. Мене стиковите многу ми се погодени во последно време. Јас на Токобо го користев, а од спреј на Ла рош https://coslovemetics.mk/product/tocobo-cica-cooling-sun-stick-spf50-pa-19g/ https://coslovemetics.mk/product/tocobo-cotton-soft-sun-stick-spf50-pa-19g/
Од лани почнав да користам стик, до сега не сум имала проблеми. Спрејот почнав да го избегнувам зошто по неколку пати прскање масно го чувствував лицето.
Дали ги имаш испробано другите како штитат,баш се мислев да земам 50фактор ама незнаев дали се добри и пак зедов каротен,ама ценава ме мами на овие.
А кој спреј го користиш? Пошо не сум видела спреј спф, освен масло-спреј од оние за на плажа со фактор 15