Јас исто како на другите делови од лице мачкам, немам проблем. Инаку ако имаш вака проблем, имаш и креми за околи очи со СПФ
Лани на одмор за првите денови го користев за тело 30 фактор, го користам и сега кога излегувам на сонце и убаво штити, каде што сум заборавила да се намачкам одма бев зацрвенета, а каде што беше убаво намачкано не бев воопшто црвена. Значи ок се, штитат доволно.
Јас скоро си купив флуид од Балеа, нивните марки, фактор 50+, сензитив, сино тубиче. Прекрасно нешто е! Од сѐ што имам користено досега-најдобро искуство имам со ова. А околу 230 денари е.
мене ми се малку мрсни тие, но омилена ми е балеа дневна со ниацинамид и фактор 30ка, а сега секако ќе правам комбинација со било која како база + матирачки стик
Само мене ли оваа крема ми е добра? Да, тешко се размачкува и остава бело, ама одкако добро ќе се впие ми е супер. И плус ми е единствена крема од сите до сега што сум ги пробала, што не ми светнува лицето. Денес беше ептен жешко, воопшто не светев.
И мене ми е супер. Сè што сум пробала од брендов ми одговара, а кремава баш ми е погодена за мојата кожа. Онака ја купив, на тепка колку да сменам и баш сум задоволна каква испадна.
Види тестер од алга марис (во белина ја има) или на миша таа црвената. Мене и двете овие ми се со фина покривност.
Кај мене од-ма. Водникава е, не е крема-крема, флуид е. Ми се впива, не ми се растекува при потење, не ми горчи во уста и очи... Сѐ што сакам добив со неа ))))
Такво нешто барам, кога земав друг спф го видов тој флуид само не знаев каква текстура има, сега со сигурност ќе го пробам.