Предлог за некоја поприродна крема со фактор (30или 50) за мрсна кожа, или за комбинирана нормална, ама да не е мн мрсна. Да не е со хемиски филтри. Ја користев до сега на Some by mi , ама викам малку да сменам. Сакав да ја пробам на Хаушка, некоја да не ја пробалa?
Овие ги имам користено со физички филтри во лето, кога кожата ми е повеќе масна и ми се добри. Знам дека проблем е нанесувањето бидејќи се погусти и оставаат бели траги ама со нанесување на помала количина со влажни дланки и размачкување повеќе пати пред излегување од дома им влегов во шема
Фала ти. Таа првата ја имав купувано за децата и ептен тешко се размачкува. Слична е со таа Some by me што ја имам , ама ајде ќе видам може да и дадам шанса пак
Јас ја користев. Мене ми е баш ко за на плажа. Мрсна е прилично, треба време да се впие. Ама не предизвикува иритации.
Имам чувствителна кожа, и баш поради тоа што не предизвикува иритации сакам да ја земам. Патем, фала ти.
Да, УВА зрачењето е присутно 365 дена, поминува низ облаци и стакло, а предизвика предвремено стареење (фотостареење), дамки, дури и многу сериозни болести како што е рак на кожата.
И зимно време знае да е силно сонцето (иако делува дека не е) додека се јавува повремено. Ставај секогаш, не прескокнувај.
@koritsaki Јас оваа ја користам секој ден, со физички филтер е, одличен состав, скоро и да не ја осеќам на лице, а има и мала покривност. Од истата фирма и креми за лице со заштитен фактор 30 и 50, не се тонирани, но ги немам пробано, а ја земам од Белина. https://bellina.mk/prodavnica/nega-...ivory-spf50-пигментирана-крема-за-лице-50-мл/
Фала даа на оваа не се сетив , пред едно две години ја имав користено, само мислам дека втората нијанса ми беше темна. Ако најдам тестер од првата нијанса ќе ја пробам прво
По грешка место Флуид ја земав оваа не ја отворив уште да видам каква текстура има. Ја имаш ли можеби користено?
Јас оваа ја имам користено, Мислам разликата е што ти си зела за чувствителна, нормална кожа, оваа е похидратантна од таа што јас ја имав. Мене супер ми беше
Ја отворив и пробав денес, убава е. Ми беше страв текстурата да не е многу густа, но не, баш е убава хидратантна.