Јас ја користев едно време, не дај Боже некако да ми дојдеше во контакт со очи. Секој ден плачев од нејзе, многу ме лутеше и ја фрлив.
Дали некој би можел да ми препорача евтина крема со заштитен фактор? Имам мнооогу осетлива кожа, склона кон егзема, ми реагира и на хијалуронска и салицилна киселина и нијацинамид. Кожата ми е нормална кон комбинирана (ми треба неколку саати за Т-зоната да стане малку помрсна). Ако знаете некоја со физички филтри
Масло/балм се нанесува на сува кожа, се прави масажа се плакне или со вода или со крпче мокро се пребришува лицето, па се мие со гел или пена.
Овој балм од Pyunkang Yul или балмот на Heimish All Clean. И двата ми се покажаа одлично за вадење шминка.
Не знам до која цена бараш, мене ми се affordable, за цената стварно вредат. На попуст и двата се 898 денари, а редовна цена 998.
Убав е тој на Heimish , ама не е баш евтин. Имаш во ДМ на Балеа балм , би требало добар да е го немам пробано.
Пред брзо си го нарачав heimish. Кога го користиш? За што поточно е наменет? Колку што сфатив задоволна си од него..ставаш нешто пред/после него?
Балмот го користам за отстранување на шминката. Доволно е да се нанесе мала количина за да ја извади целосно. Прво го чистам лицето со балмот, па потоа го мијам со гел, ставам тонер, серум и хидратантна крема.
Јас не користам периодов шминка, со мало дете сум дома, дали можам на пр да го користам само како за чистење на лицето? И дали само наутро да би го користела?
Ако го користиш, после ќе треба да измиеш и со гел/пена. За без шминка, двојно чистење е апсолутно непотребно. Само може да ти ја уништи бариерата на кожата.
Во случај да користиш и спф крема преку ден можеш прво со балмот да ја извадиш. Балмот одлично вади и спф креми. А самостојно како чистач да го користиш не може, пошто не му е тоа намената, ќе мораш отпосле со гел да го измиеш лицето.
Ахаа тоа ли е тоа двојно чистење јас имам чисто лице, со мали недостатоци и не сум користела до сега некоја посебна козметика или рутини, ама сега решив малку повеќе да се посветам и ново ми е се тогаш ќе го оставам за користење после шминка.