Кога сум веќе на темава барам лесна спф крема за сува кожа. Буквално секоја спф крема што ја имам пробано ми предизвикува акни (а немам проблем со акни, имам чиста кожа) ми тежи на лицето и ми прави некој мрсен тежок финиш.
Еве го и тука LA ROCHE-POSAY ANTHELIOS UVMUNE 400 SPF50+ SHAKA флуид 50ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм. Јас во моментов имам на Биодерма СПФ од линијата Pigmentbio и ептен е лесен на кожа. Јас имам нормална со масна т-зона и некако имам потреба да ставам дневна крема иако СПФ-от се води како дневна крема. Ако не го најдеш Anthelios може Биодерма да ти е опција.
Девојки може предлог за хидратантна крема да има и заштитен фактор? За комбинирана кожа третирана со третиноин. Досега ја користев на Балеа anti falten, но ми се здосади. Може било која цена..
А каде можам да ги најдам? Супер, фала ти на препораката едит: имам еден балм од бодишоп, не сум го отворила се уште, дали се добри?
Сосема погрешно мислење! Двојно чистење е потребно секој ден, без разлика дали имаш шминка или не. Двојното чистење се прави за да се отстани цела нечистотија, пот, себум и спф што се собрала на лицето во текот на целиот ден. И напротив со препарати за двојно чистење не може да се уништи кожна бариера затоа што препаратите за чистење на лицето не навлегуваат во долните слоеви на кожата. Кожна бариера се уништува со ставање на несоодветни тонери, серум, креми кои остануваат подолго време на кожата и навлегуваат подлабоко во неа.
Ова што си го пишала може само да важи за мрсна кожа. За сува и комбинирана/сензитивна и те како не е препорачливо да се прави двојно чистење освен кога се носи спф или пудра затоа што истото и те како ги отстранува есенцијалните масла кои се потребни за балансот на кожата. Па како последица на тоа се појавува затегнатост и лупење на кожата.
Не се согласувам. И на сува и комбинирана/осетлива кожа и треба двојно чистење. Секојдневно треба да се користи спф. А затегнување и лупење настанува од несоодветни препарати за нега на кожа, а не од двојно чистење. Пробај да користиш благи препарати за чистење на лице кои не содржат алкохол и кожата на лицето ќе ти биде благодарна.
Ајде ќе ја повикаме @Biodevojka, таа се бави со кожа, кожни препарати и се друго поврзано, нека каже оти јас 'не знам'.
И јас не се сложувам дека треба двојно чистење, лично не го применувам, и не мислам да го применам понатаму. Препаратите кои се користат се и тоа како агресивни, дури и тие на природна база, па јас што имам комбинирана кожа после користење гел за миење ја осеќав пресушена кожата, камоли двојно чистење да применувам. Лично користам пена за миење лице, со неа вадам и шминка и спф и се' што имам на лице, врат и деколте. И сосема доволно ми е, оти знам дека кожата ми е чиста. Наутро само вода користам, нема потреба од измивање на маслата што ги создала кожата преку ноќта. И @Biodevojka е против двојно чистење, лично ги следам и практикувам нејзините совети и досега немало никакви проблеми.
И јас не сум за двојно чистење, посебно не секој ден. Кога практикував двојно чистење лицево ми беше "воспалено" и иритирано.
Не се разбирам мн во креми и такви работи, некој шо се разбира дали можи да ми кажи дали е добра кремава? Инаку е купена од кам 199 денари.
@cloud Тука ќе ти пишам Од спф за масна кожа што сум користела до сега и од кои што сум била задоволна биле овие Во петокот ја порачав оваа на Органик Шоп, ќе ја пробам па ќе ти кажам мислење и за неа
@fbaby Само овде, во оваа аптека го има овој производ, секаде на др место е потрошен, за сега. Бидејќи и јас го барав, им пишав на LaRoche mk и ми одговорија дека наскоро ќе ја обноват залихата секаде.
Затоа и јас декемврито кога го барав го немаше.. и го зедов овој, мислејќи дека другиот го земам, но и овој е многу добар
На La Roche овој и оној Аnthelios ги користам веќе неколку години и сум презадоволна, но сакав да сменам. Ќе го порачам сега овој на Shiseido да го пробам. Фала ти многу.