^Да, има и хемиски и физички филтри, и јас ја гледав, се мислев, затоа не ја купив. Ама ќе ја пробам ако викаш дека е добра, само се мислам да не ми ја суши кожата многу.
@Annath јас сум во потрага по тонирана спф крема, ја чекам @anggell да ми каже баш која крема ја зема , дали Др.Хаушка со спф 30 за која што зборевме. па да ни пише мислење овде. Таа со сигурност има физички филтри ја имам прашувано и @Biodevojka баш. А оваа на Органик шоп не е хидратантна за посува кожа со сигурност, од истиве креми има и за нормална и сува кожа мислам. Мене со мрсна кожа ми е таман
Јас си ја користам на Натура Сиберика кремата со спф 20 и витамин Ц, ама сакам тонирана, затоа и те прашував пред некое време за Алга Марис. За жал на Моса веќе не ми одговара, а преубава ми беше, не знам што се случи, дали е сменет составот или мојата кожа не ја сака веќе... Не знам. Имам на SoBioEtic тониран крем, ама спф е 15, а кремот има црвена боја, убаво легнува на кожата и изедначува тен, ама оксидира, портокалова станувам за некој час. А кремот сам по себе е убав. На Мадара ми е убав City CC, ама барем 20ка фактор да беше...
Денес ми стигна, на Хаушка ја порачав, на рака само ја тестирав, за разлика од Биодерма веднаш се приметува дека е потемна. Инаку вака на рака кога ставив како да даваше некој,, природен сјај". Утре ќе пишам детално како изгледа на лице, мојата кожа е нормална до комбинирана. Сега веќе од март натаму дека се стоплува почнува да ми свети лицето. Инаку да ве прашам за овие тонирани креми со спф, дали си ставате на лице додека сте дома а не ви е во план да излезете надвор, штетно е така ако ја користам? Чат пат претрчам на кратко, до ваму до таму а сакам лицето секогаш да ми е средено и негувано, па највеќе ја зедов за после утринска рутина дали смеам вака и додека сум дома да ја имам на себе?
@Annath Да, за Алга марис зборувавме, за таа само тестерче да земеш , зошто три нијанси се во прашање. Или ќе ти одговара првата или втората Е да, таа со спф 20 е доволна за сега од НС. @anggell со здравје да си ја користиш. Јас имам читано за таа крема на Хаушка дека според тенот се приспособува , сега не знам дали е така. Јас во главно сум задоволна од се што сум користела од Хаушка, би ја купила кремава , здравје нареден месец кога ќе дојдам во Мк. Јас спф за кога сум дома не користам воопшто. Само крема за лице како последен чекор.
Имам тестери, ама не ми легнува текстурата, тешка ми е. За бојата не е проблем, си ја знам, ама не ми се свиѓа кремот како ми стои на лице, не се упива некако. Ќе видам што други опции имам, гледав во Coslovemetics, ама повеќето не се баш природни, и плус сите им се со 50 фактор, не сакам толку, мене 20ка и во лето ми е доволна. 30 е мојот максимум за дневен крем, пошто и онака најголем дел од денот сум во затворен простор.
Женски здраво, ги земав погрешка од токобо две креми (така доаѓаат во паковање). 1. Вика дека е bio watery sun cream spf 50+ PA ++++, а 2. Вика дека е vita tone up sun cream spf 50+ pa++++. Е сега прашањево ми е дали се добри и како можам да ги користам? Фала ви
Јас па дојдов да прашам за серумите од Санденс во ДМ, солидна цена, личат ок, ама што знам...има некоја пробано од нив? Мислам дека се нов производ, досега не сум ги забележала.
Јас пред некое време открив една девојка од Гевгелија која прави природна козметика,Кремата со СПФ е одлична би ви ја препорачала да ја пробате Esoapery na инста и е профилот.
@koritsaki За тонираната крема на Хаушка си го повлекувам зборот. Ја тестирав цела недела и е предобра. Дефинитивно би ја купила пак и моментално ми е замена за пудра. Дава природен изглед, некоја минимална покривност и дава здрав сјај на лицето не она како да е мрсно. И што е најважно со ниедна ББ крема, пудра било каква, лицето вака не ми било без да ми избие мрсен сјај. И во зима на најладно на критичните делови мора да сетирам. До 10 часа ја тестирав и буквално не беше мрдната, нити малку исто како кога ја нанесов. Смеам ли на лето на плажа да ја користам дека е тонирана?
@anggell Ооо ме израдува да ти кажам баш ми е мило. Се мислам да ја земам, јас баш ќе те прашував повторно за мислење, кога ете ти сама пиша. Можеби сега и попусти да стават некаде општо на Хаушка пред Велигден Можеш да ја користиш и лето, мислам ќе нема проблем иако е тонирана. Е сега јас имам баш мрсна кожа особено на тзоната и не знам дали ќе ми одговара Јас додека сум на темава, да прашам Оваа крема некој да не ја користел, на мрсна кожа?
@anggell за каков тип на кожа е? Како стои со нијанси,јас сум многу бела,а баш дакам да ја пробам? Дали оксидира на лице? Има ли во Зегин тестери на лице место да се проба?
Филтри не знам да ти кажам.Долго време ја корситев на corxshttps://www.cosrx.com/collections/sun-protection/products/aloe-soothing-sun-cream-spf50-pa i Boderma photoderm 30 +,Пред тоа едно време бев на еуцерин,
Има само една нијанса, кај мене не оксидира, ако си светла мислам дека темна ќе ти биде. Кај нас во Зегин нема производи на Хаушка, во Скопје можеби има. Побарај си тестер најдобро затоа што не е баш ефтина.
Кажи ми од пудриве вака што нијанси користиш? Јас сум светла, значи викаш темна ќе ми е? До 20ти на попуст е и викам да искористам.
На Лавера течната Nude 03,компактната од Лавера ми е Tanned 02, камената на Лавера ми е Honey 03 a на Хаушка ми е 03.На Буржоа не се сеќавам кои нијанси ги користев, последните неколку години овие ги користам.