Уф, од сите овие Хаушка ја користев 01 и пак ми беше мн розевкаста и темна. Што значи нема да ми одговара...
Предлог за спф некомедогена? @koritsaki ми ја предложи uvmune 400, вака за без шминка ми е ок и не ме исфрла ама под шминка некако ми го затвора лицето, како многу уморна изгледам.. Моментално сум во процес на лечење на акни, па ептен гледам што да ставам, што не. Дерматологот ми ја препорача тонираната на Биодерма, ама бидејќи имам пудра барам само крема, или ако имате искуство со неа споделете. Фала Гледам Cerave имаат една со спф, не знам каква е?
Таа на Биодерма ја имав лани ама по неколку користења, многу ми ја мрсеше кожата. На почетокот ми се допаѓаше инаку и тука ја фалев.
Ако мислиш на оваа крема, мене ми е предобра. Има многу лесна и хидратантна текстура што е одлично за лето. Ја користев и таа без спф. Генерално сум презадоволна од продуктите на CeraVe. И јас од Биодерма не бев задоволна. Иако ми се допаѓа брендот, спф кремата ми беше претешк и многу ми ја мрсеше кожата како мрсен слој изгледаше на лицето а имам сува кожа.
@grungy не знам колку ќе ти се допадне спф 50 детската, на Бекутан. Остава бели траги, па треба некои дваесеттина минути да ти поседи пред пудрата. Мене оваа ми се покажала како најдобра, а и прилично добро штити летно време. Спојлер: види слика
Eucerin oil control, Heliocare. Јас имам комбинирана кожа со митесери на нос, чело и брада, мене ми беа ок.
Хеј девојки, јас сум огромен фан на козметика и постојано тестирам различни производи. Моментално за мојата сува до нормална кожа во однос на спф можам да кажам дека ми е фаворит број еден COSRX aloe soothing sun cream 50. Лесна текстура, дава сјај на лицето, убав мирис, не остава бело. ВРВ
https://coslovemetics.mk/product/pyunkang-yul-ato-mild-sun-cream-spf-45-pa-75ml/ Ве молам предлог за слична крема на оваа, ептен ми се погоди, ама ја немаат на залиха. Има некоја со слични/исти состојки?
Дебвојки да ми предложите фактор за лице што лесно се исфрлува од креми? Имам комбинирана кожа, повеќе накај сува. Но што о да пробам ме исфрла на лице одма. Последно ми ја предложија на CeraVe, искуство?
Здраво, прочитав доста мислења во врска со кремиве но ајде да собериме мислења и да ми кажите која вам ви е омилена, па да можам конечно една да одберам. Кожата ми е комбинирана накај мрсна, барам крема што нема да ми се топи и размачкува одма кога ќе излезам на сонце (а ми се случило од многу). Нова сум во козметикава но лицето ми е ептен чисто, би сакала нешто да не биде тешко и ми ги затвора порите.