Марката како марка ја има ама конкретно овој спф знам дека го немаше кај нас. Ќе видам еве во Анифарм
https://elloxy.mk/produkt/beauty-of-joseon-ginseng-moist-sun-serum-spf-50-pa-50ml/ или овој https://elloxy.mk/produkt/heimish-artless-glow-base-spf50-parenew-40ml/ Го има некоја користено да сподели збор- два?
Пиши впечатоци ако се одлучи за BoJ, ме интересира како ќе се покаже. Јас се навратив на cosrx периодов, тој со алое. Толку многу брендови свртев, на крај пак се вратив на овој. Најубав ми е. Хидрира одлично, се впива брзо и некако најмногу ми прија на кожава. Следен пат би го купила тој во сина тубичка (исто од cosrx), чисто колку да не ми се презасити кожата од користење едно исто.
Денеска го земав за проба ми изгледа лесен на кожа и по состав, но бидејќи е прајмер дали може да се користи наместо крем, без апликација на пудра и да споделите искуства доколку некоја го има користено.
Јас пошто имам многу светла кожа се мачкам на одмор со 50ка фактор ама од водата се брише целото и после станувам како рак
Јас сум буквално бела, со проѕирна кожа и мачкам фактор преку цела година, горам од одење до работа… или кремата не ти е добра или што ти вика членкат погоре мн ретко мачкаш. На плажа ставам и пред да влезам и ко ќе излезам од вода
Ја користам оваа некое време и не сум задоволна, кремава беше префалена ама напразно. Прво лицево свети ненормално од неа а јас сум со сува кожа, на оние со мрсна не сакам да помислам како ќе им е , потоа ми се поти од неа а надвор уште не е ни топло, и последно бојата што ја дава е некако темна. Затоа барам препорака за некоја крема што е по мат, по можност од овие корејскиве
@anastasijaki фала ти што сподели. Колку пати имам помислено да ја купам Јас од корејскиве задоволна сум од Some by mi и на Axis-y
@theowndemon кога ќе го пробаш и жолтиот стик пиши во темава ако не ти е проблем како си задоволна од него. Ги меркам некое време стиковиве, со надеж дека нема да ми свети лицево од нив.
Го пробав па ќе пишам за сите. Синиот е убедливо најдобар. Има свиленкаст финиш, прелесен е за нанесвање и не го осеќаш на кожата шо дури ми се чинеше ко да сум заборавила спф да ставам. Зелениот вистина има смирувачко дејство ама лицето го осеќам како влажно/испотено. Ама го земам пошто кога ќе подгорам или имам акни - стварно има смирувачко дејство. Жолтиот има лошо нанесување, ме греби дур го ставам. Од после исто како синиот, не се осеќа дека воопшто стави спф многу е лесен, ама нанесувањето не ми се допаѓа. Инаку воопшто не свети лицето во мое искуство, сем со зелениот стик пошто баш како влажно и личи лицето и така го осеќам.
Ова се однесува за Tocobo спф стиковите, така? Ич не ме влечат стиковиве, општо вака зборам, не конкретно за брендов. Нема да се замачка со пудрата ако направам реапликација над шминка? Многу ми е ew моментов и не можам да преминам преку тоа. Планирам да си купам годинава за на одмор. За на "голо" лице ми звучи супер за да не фаќам лице со раце, па си собирам инфо да си одберам некој. Round lab го гледав, ама не сум одлучила. Да не го имаш користено и овој, чисто за споредба?
Да. Други немам користено во стик форма. Денски ретко (ич) користам пудра па немам реаплицирано врз пудра, а и не можам да замислам то да го прам. Јас се одлучив за стик зошто гледав едно видео со споредби за покривност на спреј вс мачкање вс стик и од тогаш се "венчав" за Токобо.
Стикот секако е подобра опција од спреј, повеќе контрола имаш кај си поминала, попрецизен е. Со спреј малку потешко, барем мене ми е така. А не можам ни јас да нанесувам врз пудра, скроз ми е нехигиенски. Тука можеби спрејот е подобрата опција. Како е во однос на трошење? Побргу се троши од класичен течен спф во тубичка или нема некоја разлика?
Јас не гледам некоја особена разлика, баш ќе пробам да видам сега овај шо го имам колку време ќе трај.
Јас па ве читам викам да си најдам некој добар спф, на сите составот им е страшен. Дајте некој поприроден, нема ниеден од coslovemetics со добар состав? Па и тониран сакам, ама тешко се наоѓа.