Јас моментално ја користам оваа Задоволна сум. @anggell јас тука да те прашам дали се уште си задоволна од Др.Хаушка тонираната крема?
Да, да јас ја користам наместо пудра. Само да знаеш дека еден слој е доволен, јас некогаш ако ми треба поголема покривност ставам два и маалку лепи на допир ама мене не ми смета.
истото го прашав 2-3 коментари погоре јас ја користев минатото лето на бентон ама како да ја нема веќе таа. Тие често менуваат амбалажи и производи
Ако некој ја користел кремава од Frezyderm нека сподели искуство. На рака ја испробав и ми се виде дека не е лоша, кожата остана многу мека по нанесувањето и личеше дека е лесна крема. Но, не знам како би се однесувала под сонце и топлина и дали дава добра заштита.
За заштита, штити ок е, ама мн пече на очи, бар мене ме печеше. И иако имам суво лице, пак некако како тешка ми дојде на лицево, тоа ми сметаше. Зависи од кожата сепак.
Мене ми е баш погодена, веднаш се впива, не светам а кожата е баш мека после нанесување. Има лесна текстура и не осеќам дека нешто имам нанесено. Не ми пречи ни на очи, од некои креми се случува да ме печат очите, ама со оваа немам таков проблем. Еве гледам членката над мене има спротивно искуство, а и јас имам сува кожа Ќе мора да ја пробаш изгледа за да знаеш дали ќе ти одговара Друга што ми одговара е кремата од Cosrx - Aloe soothing sun cream, ама па таа ме пече на очи иако е "лесна" и ја хидрира кожата.
Мене не ми се погоди. Многу е покривна, јас ни пудра таква не користам не па ова. И кога ја мачкав како паштета да имав на лицето. Очите ме печеа и светнував. Ни пола не ја потрошив и ја фрлив. @koritsaki Дали ја имаш користено компактната на Уриаж? Ја видов на инста и ја порачав, за некој ден ќе ми стигне. Многу ми се допагаат вакви пудри со сунгерче и вакво паковање да не морам со прсти. Се надевам добра ќе биде, заштитен фактор 30 има. Аптекарката ме праша убава ли е, јас велам да, срам ми е да кажам дека ја немам пробано а од кај нив се што стигне сакам да пробам
На Уриаж течната ја имам , матирачката, таа е супер. А оваа ја немам пробано ти што си ја купила, кога ќе ја пробаш баш кажи ми каква е
Фала ви многу за споделеното искуство @Cherry blossom89 @anggell @inception @f.girl, корисни ми се. Веројатно ќе треба да пробам од тестерот и на лице, иако најверојатно нема да ризикувам да ја купам и да си направам проблем со очите. Веќе имам проблем со мастењето на очните капаци и сум многу селективна во однос на креми што ги ставам на лицето и на очите. Избегнувам такви што дополнително се тешки и што ги затнуваат лојните жлезди.