Ме интересира која крема за сончање е најдобра против хиперпигментација според вас и дали некој има користено некакви креми/серими за избелување на пеги?
Ужасна е, ко што ти кажаа пече на очи ептен, мрсна е многу и тешка. @wendy2 јас имам сува кожа и ми беше мрсна и тешка, на тие со мрсна бетер ќе е.
Ја пробав денес, цел ден ја носев, ок, e ама некако како повеќе да очекував не знам.. Ќе видам во текот на неделата како ќе биде. На лице е прелесна, дури и покрива, јас ставив ептен минимално, не оксидира најважно. Мене ме нервира што некако како бледа да ме прави јас сум потемна. Мислам дека во однос на нијанси оваа повеќе ќе ти одговара отколку на Хаушка. Таа мене повеќе ми одговара. После 8 часа светнав, и надвор по жешкото бев, ама па на пекол време не знам како и не би светнала. Ќе треба да ја сменам веќе биодерма со матирачка крема на биодерма затоа што на лето кон масна ми оди кожата. По вадење лицето изгледа многу убаво, меко, негувано. И плус убаво и нежно мириса. За неколку дена пак ќе пишам искуство, поубаво да ја истестирам
Да не сте виделе на Ла Рош Посеј 50+ да не ja има некаде на попуст? Имам сува и чувствителна кожа, не сум пробала некоја друга крема.
@koritsaki Изгледа првични впечатоци во ПМС не треба да пишувам Инаку супер е компактната пудра на Уриаж, посебно што убаво се нанесува, за 8 часа светнав минимално, и тоа 2 часа бев по надвор по градот со обврски на сонце. Доволно е еднаш да поминеш со сунгерчето, два пати ако сакаш покривност. Навечер после вадење лицето е преубаво. Дефинитивно би ја купила пак, дури се мислам и залихи дали да си направам.
Да споделам за овие креми искуство, можеби ќе му се најде некому. Да напоменам дека кожата на образите ми е најчесто нормална накај сува, а особено летен период приметувам повеќе себум во Т-зона. Missha All Around Safe Block Cotton Sun SPF 50 Остава бели траги дури и од помала количина, треба да се чека некое време да упие, ама и после ова изгледав пренела, а ионака имам светол тен, па може да замислите каква бев. Сината искрено повеќе ми се допадна, подобро се размачкува. Лесно се размачкува, меѓутоа на образите ме печеше многу кога ставив последно. Не знам дали било поради тоа што често ми се суши кожата тука, дали има некоја иритација од претходно или едноставно не одговара. Би рекла дека и двете наведени креми повеќе би одговарале за некој што нема проблеми со сува кожа.
Ова ми се виде интересно, го купив па ќе споделам впечатоци. СПФ во спреј за над шминка. Мала количина е, не знам колку ќе трае, ама ќе видам. 300 и нешто беше во ДМ.
Јас порачав во една аптека во градот да ми ја донесат, ми ја порачаа. Инаку ја има онлајн во Анни фарм аптеката, од таму можеш да си ја нарачаш