Благодарам и јас мислам дека не е фактор ова, туку дека се користи од 30+ , зошто ја имам ноќната од истава линија и истото го пишува на неа
па кај сум прочитала јас дека е со спф прашав на алверде кремите за лице со зф кај стојат ми кажаа и ја као будала ја загрешив во дм не се оди без список и со деца. Обавезно ќе утнеш или заборавиш нешто
Ако има тестер пробај од тоа. Јас ја користам цела година. Мене ми одговара на лицето. Нормална кожа имам, летно време знае носот да ми е мрсен, а зимно време сува ми е таму кожата. Не сум имала проблем до сега,да кажеш да ми истакнува пори и Сл. Од кога ја купив класична пудра немам ставено на лицето. За покривност не знам да ти кажам бидејќи моето е чисто лице, само ми го изедначува тенот. Печење со очите сум немала.
Не знам што сум чекала до сега и не сум зела стик. Се препородив откако користам стик, чиста работа нанесуваш и тераш, нема мрсно лице, нема мрсни раце, нема остатоци на веѓи,лепење на коса. Хигиенска реапликација во секое време. Спас! Да напоменам пак, имам сува кожа и покрај тоа имав баш мака со спф кремите а имам пробано секакви, од евтини дрогериски до скапи медицински и корејски. Овој стик го земав ко за почеток, понатака ќе пробам и други .
Понапред имам пишано, види . @valer-y јас го земав од coslovmetics, но го има и на yeppeuda, elloxy..
Дали секогаш ги искористувате спф кремите во рокот пишан на амбалажата? Имам една на Caudalie од лани, отворена точно пред 12 месеци (јуни 2024). На тоа знакчето пишува 9м, не знам дали би можела да ја користам барем уште месецов, или може да ми предизвика иритација, и дали би си ја вршела функцијата воопшто?
Мислам дека нема да ти направи иритации, едино може да е со намалена ефикасност. Мада јас порано имам користено креми и за лице и за тело со спф по две сезони и немам приметено да штитат помалку. После научив што значи рок од отварање на производот и почнав да фрлам еден куп продукти по дома неискористени .
Не, само спф. Препорака за tinted spf крема, за нормална/ комбинирана кожа? Ми треба нешто полесно за лето, ми се смачи пудра да ставам
Јас секогаш стандардна рутина што ја имам наутро и навечер, серум па хидратантна крема што ја користам па кремата со спф. Пред некој месец пред серумот ставав хидратантен тоник во спреј ама сфатив дека ми е непотребно оптеретување на лице па вака терам.
И јас не ја изоставувам стандардната рутина. Имам гел за миење лице, тоник, хидратанта крема и спф крема, плус и спф лабело за уста. Од серум само витамин ц користам и претежно навечер го ставам.
Само тонер и некој хидратантен серум од типот centella, хијалуронска киселина, нешто такво лесно. Не можам без ништо, ми станува сува кожата од солта и си терам со некоја основна, едноставна рутина. Друго ништо не користам, ниту активни состојки, ништо. Навечер истото, само наместо спф, обичен крем и тоа е тоа.