Дали е добра за комбинирана кожа со доста масна т зона ? Дали е добра за заштита на плажа ( и дали рамномерно се сонча преку неа дека е со боја ? )
Сетирањето со пудра (јас ја користев на Хеимиш камената транслуцентна) е обавезно. Не е мат така да ќе треба да се сетира. Да одлично штити , испробана и на плажа
Здраво, дали некој знае Ладивал спф за алергија каде може да се најде? Ја наоѓав по аптеки ама сега нигде ја нема или има само 50мл за лице(барам од големата за тело)
јас ја имам користено не е добра воопшто се прават некои топчиња кога ќе ја ставиш и плус иритација на очи, тоа мене ми се случи можеби има нешто што ми пречи но ова со топчињата и други се имаат пожалено од истото
Јас второ пакување трошам сега, мене ми е идеална за мојата кожа (нормална, ни мрсна ни сува, без мозолки, со малку проширени пори и црнки). Не ми предизвикува никаква иритација, ја ставам на чиста кожа, без серум или друг крем, а најчесто ја мешам на рака пред нанесување со течна пудра за да си направам нијансиран крем. Досега сум најзадоволна од оваа, ги имам користено порано од Балеа, Mary&May, Eucerin, итн.
а дали е подобра оваа или бб моринга церамиди исто од Heimish , која стои поприродно на лице,каква покривност има и е повеќе за комбинирана кожа со многу масна т зона ? фала
Мене бб кремата лично повеќе ми се допаѓа. Јас имам мрсна кожа , и за комбинирана може, за сува не. Ако ти е многу мрсна кожата мора да ја сетираш со пудра.
@koritsaki Ја имаш пробано оваа крема? Донеле и кај нас по аптеките Апивита, сподели ако имаш предлог што да се проба од останатата козметика.
Да ја имам користено одлична е за мрсна кожа супер е и одлично мириса. Спојлер: Apivita Имам пробано производи од линијата Aqua beelicious (крема за лице лајт верзијата, ролер крема за очи) , чистачите за лице црниот во туба, тој лилјаковиот со маслинки и лаванда, зелениот со лимета - овој ми беше најомилен. Bee radiant за возраст 30+ кремата ја имам користено исто лајт верзијата и таа добра беше. Од фарбите имам користено црна нијанса , бев задоволна. Ама не од тие во кутија туку од тие што се купуваат фарба и хидроген заедно. Не знам дали се уште се произведуваат. Шампоните не ми се допаѓаат , ниеден не ми се погодил. Маските за коса се супер. Пилинзите за тело, геловите за туширање исто добри беа, особено таа линијата honey.
Мене ми е комбинирана кожата моментално, ќе си го земам ако го има баш овој во аптеката што си пазарам. Другите работи ќе ги имам на ум за следно пазарење.
@koritsaki Ја купив Апивита веднаш ја намачкав, многу е нежна и лесна на лицето. Плус за мирисот имаш право, прекрасен е нежен.
Ова го пробал некој? Имам друг спф како база, овој најмногу ме интересира за реаплицирање додека сум излезена.