Овој да го пробаш, мене ми беше ОК како хидрира (е немам сега голем проблем на лицето со атопична кожа ми се среди низ годините, ама линијата е за таква кожа): BIODERMA Cicabio+ Смирувачки регенеративен крем со СПФ 50+, 40 мл или евентуално овој (го немам пробано јас ама прилично добри оценки има по интернет)Ч LA ROCHE POSAY Anthelios UVmune 400 Транспарентен флуид за заштита од сонце со СПФ 50+, 50 мл
Моментално ја користам оваа на еуцерин и баш ми одговара, лесно се впива, мат финиш, не ја ни осеќам на кожата.
Некој да го има пробано стикот на Shiseido со спф 50? Ок ли е за масно лице? Го најдов на попуст и во мисла ми е да го пробам.
За мрсна кожа е , само јас не знам дали доволно штитат стиковите , ок се за реплицирање, но вака самостојно не знам
Мат ефект дава долготрајно ако се користи самостојно па само пудра врз него, за мрсна кожа е баш погоден вака. Имам забележано ако го користам со крема или некој лесен тонер да ми светне лицето за неколку часа.
Дали ја имате користено оваа на Лореал, денес ја ставив во корпа па се предомислив, сакав да видам искуства.
Дали ја користите истата спф крема и на вратот? Додека возам дали кола, дали точак, цел врат на сонце ми е а сакам да ми е заштитен. Не ми се исплати кремата за лице, кај е 50мл. уште и на врат да ја ставам. На неколку пати сум ставила еуцерин таа големата туба за тело, ама лом ми ги пожолтува кошулите и маиците. Имате ли препорака за спф крема што не остава мрсно на облека?
Искуство со некоја од кремиве? Имам нормална кожа ама би рекла чувствителна поради тоа што сум многу бела а и сега бремена не знам која би била подобар избор.
На Биодрема е баш за чувствителна и бела кожа, скоро како крема е, нема покривност. Амбалажата и ја смениле, се надевам истата е. Мене некако не ми одговараше многу бела ме прави, мајка ми со години ја користи супер и е. Со првата немам искуство.
Каков спф користите? Ми треба некој да не е леплив, да се впива во кожата да не остава бели траги по лицето. Предложете ми нешто моментално го користам корејскиот со портокалово капаче ама некако ми ја стега и суши кожата многу брзо