За тело сум видела дека има и фактор 100 (од Doctor's), а за лице и јас тука видов првпат фактор 90. Се надевам дека нема да ти смета што ќе го напишам ова, ама се сеќавам дека праша еднаш дали навистина кожата ќе е поубава по долготрајна употреба на СПФ крема, па претпоставувам бараш највисок фактор поради таа причина. Би ти го рекла следново: СПФ е мерка за тоа колкав процент од UVB сончевите зраци ги блокира кремата, односно колку те штити кремата од горење на кожата. Кога се работи за стареење на кожата, тебе ти е важно дали кремата дополнително штити од UVA зраците. Мислам дека штом секаде се препорачува минимум фактор 30, доволно заштита ѝ дава на кожата (од UVB зраците). Според мене, СПФ 50 е сосема доволно ако сакаш максимум заштита, и така и овие креми се поретки во споредба од оние со СПФ 30, а камоли кремите над СПФ 50. Разликата меѓу СПФ 50 и СПФ > 50 е многу мала. Поважно е количински колку ставаш на лицето и колку често го нанесуваш (пример, ако се потиш многу или подолго време си изложена на сонце тој ден, треба почесто да ја нанесуваш кремата, не само еднаш во денот). Еве ти еден графикон за тоа колкав процент од сончевите зраци ги блокира секој СПФ: Спојлер Го нема на графикон, ама СПФ 100 блокира 99% од UVB сончевите зраци. Еве ти ако сакаш да прочиташ и нешто повеќе околу повисоките фактори. Јас имам едно прашање: дали знаете дали кај нас (т.е. на европските креми) има мерка за тоа колку штитат од UVA зраците (како на пример во Азија што го имаат PA+ системот)? Би ги тагнала тука @Noemi, @Avery, @Mishela, @koritsaki, ве знам вас како поупатени, па можеби знаете нешто околу ова .
@pdb123 Во Европа добро формулираните креми со СПФ кои штитат од UVA и UVB се препознаваат по broad spectrum назнаката. PA го сметаат како подкатегорија на СПФ факторот зашто не е конкретен. Односно PA не специфицира колку време тој продукт ја штити кожата од нанесувањето. Затоа не сметам дека ќе го воведат во Европа наскоро. Дури и на азискиот пазар сретнав доста креми без PA назнаки (ама затоа со еден куп избелувачки фактори ) За понезапознатите, UVA зраците се присутни насекаде, 365 дена и на облачно време. Пенетрираат преку стакло и не ја горат кожата туку ја потемнуваат (сончеви дамки) создаваат брчки и се причина за рак на кожата. Односно и ако седите дома и работите до прозор ви треба спф На темата за висината на факторот, за нашето поднебје спф 50 си е таман и за најсветлите тенови. Имам користено спф 60 не забележав разлика најискрено, а сум доста бела.
Се доплаќаат тестерите од аптеките? Може да земам повеќе од еден? Искрено, не ни знаев дека даваат тестери кај нас.
@Noemi, значи всушност во светот нема мерило колку штитат кремите од UVA зраци, туку само дека штитат... некоја количина што не знаеме колкава е и колку време трае таа заштита. Супер, по години ќе испадне не било тоа доволно, како што не беше пред 10 години доволно СПФ 15 на пример, ама дури сега (овие години) се препорачува минимум СПФ 30. Мислам делумно ова е веројатно заради климатски промени, ама сепак .
Јас го имам флуидот, добар е, се впива, остава природен сјај на лицето. Немам контра ефекти и имам комбинирана кожа и задоволна сум. 890 денари од еурофарм го земав.
@pdb123 Според мене кога се модернизиравме малце како нација увидоа многумина од што им се флеките по лице и како може да се спречат брчките. Па се информираа околу вистинскиот спф кој им е потребен. Да не зборувам дека пред само 10 години пазарот на спф беше неконкурентен па така најефтиниот убав спф за лице беше околу 1000денари. Сега имаме далеку подостапни креми. Не е само до факторот туку и до редовно реаплицирање и физичката заштита, капа, чадор итн. Доволно е да почнеме спф 50 да ставаме редовно за почеток, па после да побараме креми со PA+++.
Добро, а капа, шеир, колку тоа штити? Читав на српски сајт дека кога носиш шешир како да имаш нанесено фактор 15.
Фактор 50 плус физичка заштита со капа, шешир, чадор и слично. Т. е. ставаш фактор ама плус избегнуваш да се изложуваш директно на сонце.
@Noemi Предлог добра крема со спф 50? Да не е нешто скапа, ама да е ефикасна. Би ти била многу благодарна. Баш сум во потрага по добра дневна крема со спф.
Морам да ја пофалам кремата на Пурито. Знам дека е достапна само онлајн ама од толку испробани креми оваа е најдобрата затоа што буквално има текстура како лосион. Не лепи ниту најмалку и супер изгледа и под шминка. Пре пре пре задоволна сум. Ја имам верзијата без парфем.
Не знам за каква кожа ти е ама има многу предлози во темава, заврти неколку страници. Мој фаворит е Eucerin Oil Control 50spf за нормална и комбинирана кожа, не ме исфрла и има мат финиш. Поскап е ама трае многу долго.
За парите изгледа супер, дури и повеќе од супер!! Денска е, за под пудра и можи само кремата, така ???