Лани го имав. Исто проблем додека повлече. Се мислев дури да го враќам. Подудри го од тврдо мислам дека и се запушуваат. После долго пумпање и неколку пати удирање проработи моето.
Дали после користење на спф го чистите целосно лицето кога сте дома? И ако да, со што? Со обичен чистач за лице?
Некој спф кремава дали ја има пробано? Дали е добра за мрсно лице? Сакав некоја тонирана а светла, на Missha ми се потроши а и не би ја купила веќе, нијансите се катастрофа
Одлична е Еуцерин, но ако имаш мрсно лице мислам дека оваа повеќе ќе ти одговара, EUCERIN Sun Oil Control Tinted Dry Touch
^ Овие тонираните СПФ креми дали ги користите за на плажа кога одите? Фаќате боја и со нив? Немој да бидам долу сунчана нагоре бела. Јас ја купив тонираната на Лореал ама ја користам за надвор кога излегувам на плажа не сум пробала, на плажа на Биодерма ја користам за лице.
Јас не користам тониран спф на плажа, исти ми се како нежен ББ-крем. Обичен спф за на плажа, а овие тонираните ми се супер во лето за преку ден. Наместо да ставам пудра за на работа, терам со вакво. Тонираниот спф на Еуцерин е супер, тој oil control од сликичката погоре.
Последниов месец ги користам овие спф креми на Ефи натуралс и Органик шоп (за мрсна кожа) Лево на Ефи натуралс - кремата е лесна , со 100% физички филтри, но некако не ми се впива скроз има сјаен финиш, состојките се навистина убави , но мислам по ок би била за нормална сува кожа. И мирисот не ми се допаѓа, како кисело млеко ми мириса... На Органик шоп со рибизла - кога ќе се впие ок е, ипак брзо ми светнува. Има хемиски филтри. И фалично е пакувањето , не излегува производ и морам да го одвртувам целото капаче. Затоа го даваа со секоја сметка како подарок овој крем. Medicube pdrn spf 50 cream - Оваа супер се впиваше, мирисаше предобро , но исто за мрсна кожа не е. Исто така не е водоотпорна. Сакам некогаш да ја пробам на Medicube zero pore spf 50 кремата.