Лелелее точно. Денеска во аптекава во Капитол ептен беа нељубезни, ми преврте со очи затоа што почека 1 мин. да ги видам цените, а камо ли тестер да ми даде.
Не разбирам што им е филмот кај нас. Последни пет години не купувам козметика кај нас (освен Лаш, таму се супер) и не сум зажалила. Мислам не барам посебен третман ама никогаш никогаш не знаеле убаво да ти објаснат, да ти препорачаат и тестери да ти дадат. Зимоска баш сакав поквалитетна крема и Хаушка ми беше на ум. Прашувам во аптека и буквално ми рече па еве наредени ти се види си..... Никогаш ми се нема ова случено вон МК, и во Грција ми имаат се објаснето, со препорака, со може сакат англиски ама се труди бе. Последниот пат излегов од аптека со 5 тестери од Апивита. За кремов за сончање конкретно, јас барав некој полесен и да не ми лепи на лице и Биодермата е навистина прекрасна. Но прво ми даде тестери од 4 различни марки, ми кажа што е се на промоција и ми рече пробај па ако ти одговара дојди земи си, тука сме. Секако дека се вратив и секако дека повеќе ми е мерак да им ги дадам нив парите зашто навистина ти помогнале.
Гледам си пишала за Аpivita, доколку си во потрага по крема за лице со спф пробај ја suncare oil balance , не лепи, прекрасна е..
Се си има врска со финансиски стимул. Додека „на запад“ веќе со децении наназад бонуси/проценти од остварена продажба се секојдневие, кај нас сеуште е тоа табу тема во многу фирми. И нормално резултатите со искуството на потрошувачите се тие што се, како твоето на пример. Рамна плата - рамна линија на мотивација на вработениот. Тоа до некаде е и нормално. Нека им дадат и кај нас процент од продадено парче, да видиш како ќе скокне преку пултот кога ќе ја прашаш за Хаушка (кои се најчесто и со по 20 - 30 евра цени), со што процентот на аптекарката би и бил соодветно поголем. После не тестери, третман ќе ти напраи на лице место што се вика. P.S. Да не бидам скроз *off topic* Eco Cosmetics ако не се лажам сеуште се продава кај нас и има многу убави креми со SPF, а и составот им е одличен.
ЦЦ крема е оваа што ја земав јас, со заштитен фактор 50ка. Е сега работата е што јас сум земала медиум, а посветла сум, но ај, лето е, белким ќе фати сонце, ќе бидне тен Еве ја: https://int.eucerin.com/products/su...inted-photoaging-control-cc-medium-spf-50plus
Што мислите за кремите на PURITO? Гледам ги донеле кај нас, има три типа сите се SPF 50 (PA++++). Ме интересира дали би биле погодени на мрсна кожа и која од нив највеќе (има три вида).
Кремите на PURITO многу ги препорачуваат. Имам другарка што ја користи и вика дека поубава крема со СПФ од таа нема. Јас сакам да си ја купам ама ја немаа моментално, требало да им стигнат нови за една недела. Штом ја земам одма ќе пишам лично мое мислење затоа што и јас имам комбинирана кожа. Инаку јас би ти ја препорачала верзијата без парфем што е доколку имаш чувствително лице затоа што парфемот може да ти го иритир дополнително.
знаете дали уште трае попустот на еуцерин во зегин? во една сптека ми рекоа трае ( немаше тоа што барав) во друга не..
Јас го користам овој Carroten detox super mat. Супер е сега за сега, но не е толку мат како што пишува, сепак има некој сјај но кога ќе се впие не изгледа мрсно и не остава бели траги. Немам несакани ефекти и не ми ја мрси кожата дополнително. Одличен ми е за под пудра. Претходно го користев исто на Carroten, но тој Mat Look. Задоволна бев и од него, ама и тој не е потполно мат. Но некогаш се случуваше да се лупи од кожата, затоа не го купив повторно.
Ја пробав денес и биодерма. Се препотив, а врз неа имав ставено пудра и не мрдна, воопшто не светнав во лицето. Вреди за парите.
Дали се осеќа тешко на лицето како да ја "гуши" кожата? Ја имав Photoderm Spot 50+ буквално како да ми потеше лицето под неа ја осеќав тешка.. Дали ја пробал некој Cicabio 50+ и каков филинг има на кожа?
Само вчера ја користев и се испотив бааги.. ама не ми се измрси лицето. А кога ќе споредам со нивеата, да многу полесна ми беше нивеа од биодерма. А биодерма специјално ја земав за лице, а нивеа за тело а ја користам и за лице, многу е нежна, лесна, убаво се впива.
Ја фалат и ептен некако се мислам дали да ја земам. Не успеав да најдам некоја неспонзорирана рецензија и не знам дали сакам да им верувам на сите тие суперлативи за кремава. Ај баш ако некоја ја земе нека пише, јас се мислам но не знам дали ќе ја купам.