Колку ја зема Биодерма, и мене ми ја препорачаа ама се мислам, ова е како обична крема така не е тонирана. Која е подобра Биодерма или URIAGE?
Годинава го купув серумот на Sun dance. Цената беше под 300 ден, мислам 265 ден. Го користам секојдневно под пудра и задоволна сум. Можеби не е целосно мат, ама за разлика од други креми со ЗФ не остава масна трага и тежина на лицето. Не ми предизвикува дополнително мастење на т- зоната. Се на се, задоволна сум. Е сега, нема природен состав, туку е од традиционалната козметика, доколку му значи на некој.
Го имам Еуцерин Мат 30ка, и истиот Sun Dance што го постирала горе @Avery. Еуцеринот го користам од време на време, го имам долго, ама имам осетлива кожа и знае апла да ме пресуши, и плус заради мат ефектот, си ја чувствувам кожата затната, а многу лесно се потам летно време, забележав со кремава потењето ми е сведено на минимум, што бар мене лично ми е негатива, сакам кожата да ми дише слободно, и не поднесувам вака, ич не ми е природно. Ама мат ефект има да, ефективен, на кој му е тоа важно, јас не би ја земала повторно. Позитивно е што не ме исфрла, а имам многу реактивна кожа. А Sun Dance-от, дефинитивно го вбројувам во производи што никако не би ги ставила пак на лице. Прво никако не ми се впиваше, изгледав по нанесување како да имам многу масна кожа, а немам, ме светна за сите пари, и ако го допрев лицето, можев да ја соберам кремата, се лепеше. Ајде тоа ќе го преживеев, ама второ, ме исфрли за сите пари, по две нанесувања. Ама да се разбереме, не сум некој репер, не знам кој ѓавол ме натера да експериментирам со производи за лице, кога знам колку ми е осетливо. И мајка ми ја имаше истата реакција инаку, така што ако имате реактивна кожа, истестирајте ја прво, или најубаво земете некоја со поприроден состав. Моментално користам ова: Одамна се токмам да напишам рецензија за брендов во продукти на месецот, а не на месец, откритие на годината ми се, добив цел пакет продукти на подарок, и не памтам толку да сум била задоволна од се' што пробав (не ме плаќаат, жими мене ). Состав: *Theobroma cacao (Cacao) seed butter, *Cocos nucifera (Coconut) oil, *Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil, *Persea gratissima (Avocado) oil, *Olea europaea (Olive) fruit oil, *Calendula officinalis (Marigold) extract, *Cera alba (Beeswax), Zinc oxide, *Daucus carota sativa (Carrot) oil, *Lavandula angustifolia (Lavender) oil. Нема никакви хемиски филтри, само цинк, што е одлично. Се плашев кокосот да не ме исфрли, ама за сега не сум имала никаков проблем. И цената му е и повеќе од супер за тој состав, 7 евра. Го користам секаде, не само на лице, и кожата е препремека и свиленкаста. Инаку ги има производите во Бугарија, ако ве интересира природна козметика и ве носи патот натака, обавезно пробајте, јас на странава ги манијачам "од далеку": https://www.zoya.bg/en/Sunny-Cream-SPF30-60g.10491?currency=EUR Ако знаете други креми со физички филтер, please shoot. @Biodevojka maybe?
Моментално го користам кремот на Биодерма и сум задоволна.. може е малку поскап, но искрено од се сум задоволна од биодерма.. Моментално го користам овој со 30ка фактор.. https://www.google.com/search?q=bio...AUIECgB&biw=1366&bih=657#imgrc=jU52P8iSoL-SXM:
Ова не е крем од Логона, ова е од Еко Козметикс, исто добар. Само што на истиот штанд се продаваат, ист е застапникот за двете фирми, па затоа е споделена сликава од нивниот профил. Не користам никакви посебни креми со СПФ фактор, не бегам од сонцето. Си ги користам регуларните креми за лице на Балеа, имаат мал заштитен фактор, ама искрено, не ми игра улога тоа. Само на море/езеро користам понекогаш, ама ептен ретко и тоа.
Јас лани ја користев таа на Еко Козметикс, имам пишувано веќе но и тука да кажам збор два. За на одмор ми беше прекрасна. Ја користев на лице и на деколте, ми смируваше црвенило, многу убав природен сјај даваше на кожата. Од друга страна е малку тешка, не знам со масна кожа како би било. Мојата е нормална/комбинирана летно време. Ја ставав и за шетање до ваму до таму, кога сум по сонце, и врз неа само матирам малку со пудра во прав и така ги преживувам летните денови. Мојата ја добив на подарок од една драга членка hug, но би ја купила дефинитивно. Јас ја имав со 50 фактор, а ме интересира дали таа со 30 е нешто полесна. Ако да, тогаш би ја земала и таа.
Сензитивна, друг збор немам. Порано мислев имам многу сува кожа, дур не сфатив колку ја утнувам грижата. Од кога симплифицирав потполно што користам, супер е, нормална и чиста, ама сеуште многу бурно реагира на 95% од козметика и препарати, или се исфрла, или се перути и пресушува, или и двете. Си користела ли масла на лице, како ти одговараат? Дали ќе ти е таман не сакам да ти кажам, за да не те излажам, ми требаа 20 години за да најдам мене што ми е таман, и тоа едвај. Ама ако споредиш состав со други креми полни хемикалии, сметам дека на секој подобро би му одговарала. За осетлива, маслата се супер, посебно авокадо и јојоба, само кокосот е покомедоген од останатите, ако тоа ти игра улога. Кокосово чисто не ми одговара, ама на кремава фала богу не реагирам. И да додадам цинкот остава бели траги, ма да маслата го неутрализираат. Е сега јас сум многу бела па не ми се познава скоро ич, па не знам како би било на потемна кожа. И уште ова, земи во предвид дека остава некој dewy look, не е мат, што мене ми се допаѓа: Спојлер Вака нешто. Крај краева, и да не ти се погоди на лице, можеш за тело да ја користиш, не ти ни треба лосион, стварно кожата ја прави како на бебе.
И мојата реагира бурно на доста работи што на другите им работи хаха фала како и да е, ќе видам, некако ми е скептично така само од масла и цинкот ама па и имам читано дека некои масла имаат колку толку зф така да вреди да се проба.
Jas lani go koristiv Frezyderm sprejot za telo so spf50 i zadovolna bev, samo sto ostavase blagi fleki na kupaci(se cistea lesno ) inaku za osetliva, custvitelna koza e dobar. Kazete mi nekoj drug bez razlika na cena, samo da bide dobar, za telo.... I dali ima od Eco cosmetics sprajovi ili kremi za telo so spf 50?
Мислам дека ја платив околу 500-600 денари таа од Биодерма. Да, ова е обична крема, постојано барам обична бидејќи тонираните се претежно многу темни за мене. Сеуште не сум ја пробала таа на Биодерма, Спојлер некако времево се расипа, сонце не не видело воопшто Инаку, видов дека Биодерма имаа и тонирана крема, а за Uriage не се сеќавам добро дали имаа и тонирана. Биодерма околу 500-600 денари и Uriage околу 450 мислам, само што јас ги купувам во странство, незнам како се цените во Македонија.
Ја купив во зегин, на попуст од 660 на 440 или 60, пред сѐ поради добриот состав, а и не ми треба нешто појако, немам проблематична кожа. Ја немам подетално пробано ради времево ама мислам дека ќе ја биде. Малце е мрсна и ако ставаш шминка, стварно треба да се сетира со камена пудра. Нема никаков мирис што многу ми се допаѓа, не остава бело иако е доста течна крема.
Не е лош,лани користев. Практично пакувањето. На Дебора сум користела и еуцерин. Годинава се уште се гребам од ланското Веќе оддамна ставам. И на тело кога ми сњ откриени рацете,вратот. Не сакам да ме "фаќа" сонце ,нити да фатам боја
Годинава го купив овој на Кларинс.Го користам околу 2 недели и до сега сум презадоволна. Прва крема за лице со ЗФ да ми легне исто како обичните хидрадантни.Обично ми пречат,имам чувство ко да ми ги затвараат порите,тешки ми се и едвај чекам да измијам лице. Овој ми е совршена подлога за пудра,има средно кремаста-мрсна структура и брзо се впива. Ке видам со крај на летово резултат,до сега од секое сончање си добивам бемка гратис,а и реално нема како да го скријам лицето.
Веќе два - три месеци ја користам оваа крема и сум задоволна, кожата ја прави мека и не ја масти дополнително.