Предлог крема за сонце за тело со лесна не-леплива текстура? Околу 300-400 денари. Сакам да ги разгледам тие спреј кремите на Sun Dance ама малце не сум сигурна.
Ја добив на подарок од сестра ми и баш ми го погодила подарокот Бел тен имам и совршено ми одговара за периодов да не изгорам на сонце, Јас ја имам во нијанса медиум, сепак сме за нијанса потемни во лето па ми одговара,плус одма упива и дава природен изглед на лице. Не би можела да се замислам со некоја тешка пудра во лето на жешково.
Девојки, јас морам да се пофалам со кремава со СПФ 50 на Леа. Ја купив пред една недела и стварно немам зборови. Ептен е лесна, како гел крема доаѓа, одма се упива и не остава ич бело. Јас имам комбинирана кожа и не ме светнува. Лесно се нанесува повторно, не осеќаш дека имаш нешто на лицето. Под шминка исто е супер. Состојките и се ок, нема некои поголеми иританси освен парфемот (инаку убаво мириса баш на лето). Кремава ја земав од аптека, кошта 150 денари за 50 mL. Ептен ефтино и баш пријатно се изненадив, не очекував да бидам толку задоволна. Не викам дека нема поубави алтернативи. Ама ова за ценава што ја има се исплати и е одлична за тие кои не сакаат или не можат да си дозволат да дадат 1000 или повеќе денари за крема.
Мене ми е оваа буквално откровение. После хидратантна крема ја ставам оваа и мирна сум. Толку ми годи на лицето и убаво го изедначува тенот. И понатаму ќе ми биде прв избор во лето. А и не кошта многу, до 250 ден макс.
Јас имам светла кожа и ми одговара, се приспособува. Најефтина не знам каде има, јас ја зедов во Рамстор, беше тогаш на попуст, ама каде и да ја гледав беше околу 250 ден.
Препорачајте ми некоја крема со спф за масно лице, не е важна цената, важно ми е да не го мрси дополнително лицето. @buba4e89 ќе ја тагнам, на Биодерма користеше ти крема така? Како си задоволна? Ми се потроши таа на La roche posay anthelios xl, па во потрага сум по друга крема. Purito производи каде се продаваат? Некаде во Сити мол?
Почнав да ја користам ,задоволна сега за сега,одамна ја меркам,добри состојки има,се надевам нема да ме разочара. Пурито ги има во бебе хоме во аеродром и сити мол а може и онлајн да се нарача. @koritsaki
Презадоволна,уште по првото миење има резултат и мрснотијата е намалена. Денес купив резервно пакување кое значително е намалена во зегин 770 денари. Не ја менувам за ништо.
@koritsaki ако те интересира конкретно за Биодерма јас сум многу задоволна од Bioderma photoderm akn mat spf 30. И само од неа кога имам ставено, а и под шминка, лицето не ми го светнува. Кога ќе се нанесе остава малку бела трага ама брзо се впива и тоа нр ми е проблем. Во меѓувреме ја земав Heliocare 360 gel oil-free spf 50, ама не ми се допадна и повторно се вратив на Биодерма. Исто за масно лице, доста фалена е и Bioderma photoderm max aquafluide spf 50, па можеби наредно ќе ја пробам таа. Еве ги трите за кои зборувам