Добро тоа е ваш избор, не сум ни ставала крема во зимо нит ќе ставам, така да ако знаете некоја крема препорачајте.
Зошто УВ зраците ги има и во зима. Тие ја намалуваат еластичноста на кожата и колагенот, со што се појавуваат брчки. Исто така за да се заштитиме од рак на кожа. Плус поради ветрот и студот се намалува ефикасноста на кремите, па затоа е важно да користиме со висок спф.
Јас сега на 18 почнав да ставам спф, не ни знаев дека се става секој ден само на одмор се мачкав. Ај ваљда не ми е касно
Супер си не се секирај, јас пред некоја година открив кога почнав да гледам јутуб видеа поврзани со нега на кожа. Плус кога е ладно уште е полесно да се користи бидејќи не ни се растопува шминката и ни доаѓа како плус хидратација.
Јас имам читано дека светлината што се одбива од снегот е полоша и од сонцето. Ова може и да не е точно, ама како и да е кај нас лани до декември имаше доста сонце и топли температури, така да...
Во Македонија има во просек 300 сончеви денови годишно или 10 месеци во годината е континуирано сончево, 2 месеци е облачно. Летото е 3-4 месеци, значи имаме 6-7 месеци кои не се летни, а кадешто континуирано има сончеви денови, кадешто нормално е потребна заштита подеднакво како што е и на лето. За жал најчесто луѓето ги поистоветуваат заштитните креми со фактор со лето и плажа, а сепак не е така едноставно.
@buba4e89 види на Heliocare таа што е oil free дали ќе ја најдеш во Малта. Јас таа ја користам и ич не ме исфрла презадоволна сум
@senza.parole фала ти , се мислев за таа на Пурито ама ќе видам ако најдам тестер некаде прво зошто и не е баш евтина, ќе ми биде криво ако не ми одговара. Ја купив и таа на Еуцерин ама исто, ми го масти лицето. Од Алверде гледав едни две креми, пишува на нив дека се водоотпорни ама баш ме интересираше и ако ете некој ги користи
Јас ја користам Sun Dance Ultra Sensitive спф 30 и сум многу задоволна. Ама мојата кожа е нормална кон сува така да не можам да ти кажам дали матира. Битно за под пудра е предобра.
Некој се обидува да ти помогне, во случај да не си знаела дека се користи преку цела година СПФ, посебно ако користиш киселини како салицилна, гликолна, итн, а ти враќаш на овој начин. Плус, не си само ти на форумот, тука читаат многу луѓе, ете некој друг ќе се информира дека не се носи СПФ само во лето. Никој не те тера со сила Да знаеш дека можеш флеки и опекотини да добиеш ако користиш киселини а не ставаш фактор, па ти понатака што сакаш прави. Патем, на сите киселини пишува дека мора да се користи заштитен фактор кога ги користиш нив. Моето мислење ќе го кажам ако сакам, посебно кога се работи за ширење вакви информации, не ме интересира дали ти си ме прашала или не.
Да не ве тагнувам посебно , држете се до темата , не се напаѓајте меѓу себе , нема потреба од саркастични /иронични досетки , за сите важи ! Продолжете со дискусијата.
Таа не ми е воопшто мат, кога ќе ја нанесам има некој здрав сјај кожата а по два часа светнувам. И шминка кога имам на лице, по два часа катастрофа сум во лицето. Да знаев дека е така пак на La roche ќе си ја земев. Ама тоа е.