Ако ти одговара зошто да не Јас оваа ја користев, не знам која е разликата помеѓу овие две. Ама ако сакаш мат лице и воопшто да не светнеш е топ. Јас ќе видам, може некоја од поевтиниве сега да земам , ако не ми се погоди пак здравје кога ќе се вратам во Гр ќе си ја земам
Мислам дека разликата е во конзистенцијата, твојата е гел, а претходната е флуид и мислам дека флуидот најмногу го фалат за мрсна кожа .
Мојата е флуид ама пак многу ме поти делумно вода тече од мене,мана е што мора да се мачкаш постојано. Земав друга на Биодерма, аптекарот ми рече трае 8часа на сонце ако си постојано. Јас и така не сум на сонце многу.
Јас ја пробав Bioderma 30 photoderm AKN mat и е УЖАС ! Како може на амбалажата да е наведено дека е МАТ кога е како зејтин на лицето ! Воопшто не ми одговара за моето масно лице , можеби за некој со нормална/сува кожа ќе биде океј. Додека од Purito centella green level safe sun зеленото сум задоволна и иако содржи масла во составот не ми ја масти така кожата , следна ќе ја земам таа без масла или пак со вода .
@buba4e89 Сподели искуство со новата од Bioderma... Јас ја користам Bioderma photoderm akn mat spf 30 и засега ми е супер. Баш се мислев да ја пробам и на La Roche (Биодермата ми е прикрај), па кога ќе ја пробаш направи споредба која ти се покажа подобро. Гледам погоре не се задоволни од истата, мене точно дека ми дава некој здрав изглед кога ќе ја нанесам што не е целосно мат (ама баш тоа што ми ја држи кожата ниту целосно матирана, ниту светната ми се допаѓа), а и после некое време ми се задржува исто. Под шминка ја користам скоро секој ден, добро ми држи...изгледа секоја кожа различно се однесува или можеби вашата е уште помрсна од мојата...
Ќе пишам. Со цени се тука некаде исти, но тој ми рече ако користам нешто од Биодерма состојките се тие,фирмата е различна.
Јас ја користам Eucerin 50 Oil Control и сум презадоволен, бидејќи не ми се масти лицето цел ден, а јас имам мрсна и проблематична кожа
Од Спф сум задоволна од Ла роче и на Биодерма последно што ја земав. Биодерма е течна и брзо се впива. Ја немам пробано под шминка бидејќи за на работа не се шминкам.
За жал не сум сретнала Каротен овде,а и не можам да порачам од look fantastic шипингот е 10евра и не ми се исплати, претходно беше бесплатен. Здравје,ако го ослободат шипингот ќе ја земам во предвид. Фала ти.
Ја користам на пурито таа со вода веќе некое време,убава е лесна,ама лицево од чисто пак ми се нафрли,не сменив ништо освен кремата што ми е нова,дали сте задоволни вие што ја користите?
Девојки дали кај нас ја има оваа крема La Roche Posay Anthelios Ultra Hydrating Cream spf 50+ за сува и чувствителна кожа? И доколку ја има, каде?
Да се самоцитирам, некој праша за кремава. Прво тубичето е мало и изгледа како мешавина од Цц и Бб крема. Многу е течна така што многу малку се става од нејзе. Предности: Брзо се впива, остава боја, лесно се размачкува,трае,штити. Маани: Многу воденлеста, кога се потам ми го активира себумот над граница.
После 1.5 месец користење челото и брадата ми се полни со затворени комедони поради кремата на Sun Dance med sensitive. Исто така во skin care akademija хрватската група прочитав слични искуства дека по 1 2 месеци користење на сите лицето им станува неред. Така ако некој има предлог за крема со фактор 30 или 50 сега за крај на лето која е лесна да ми препорача?
Frezyderm. Ја има во Зегин и е 700 ден. Има и СПФ 30 и СПФ 50, како и СПФ 50 со покривност (не сум сигурна дали има СПФ 30 со покривност).
Јас имам проблем со кремите на Пурито, сите нивни сум ги пробала со СПФ и со сите иста песна. Кога ќе нанесам после неколку минути како вода се растекува кремата на кожата, како да не се впива и стои на површина. Исто така благо перутање има. Многу грдо чувство, ко да ти се растекува лицето. Мислев дека тоа е нормално поради фактот што е топло и лето, пред некој ден случајно пробав една мат крема со СПФ 50, беше пекол, а приметив дека воошто не се растекува како Пурито. Така да не било до времето или кожата, до производот е. СПФ отсега само oil free, не си давам пари за глупости.