Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    @ludamaja10 драга ќе те тагнам овде затоа што Мишела кажа овде да ги ставаме мислењата за спф.

    Драга ознаката спф се однесува за УВБ зраците претежно и делумно за УВА (велам делумно за УВА бидејки според правилникот за производи за заштита од сонцето донесен во 2006 година една третина од СПФ треба да заштитува и од ува на пример ако е СПФ 30 во тој случај 10 е за УВА зраците). Доколку сакаш да спречиш предвремено стареење на помош доаѓаат антиоксидансите. Токму затоа дури и лето кога се користи СПФ крем се препорачува употреба на вит. Ц со цел да се подобри и дејството на самиот заштитен крем (спротивно на она што на нет пишуваат нимако вит. Ц летно време) . Го имаш на пример ектоинот кој како состојка научно е докажана дека е одлична кога станува збор за УВА. За жал СПФ кремите (голем дел од нив немаат многу антиоксиданти состојки). Исто така и кремот после сончање треба да биде богат со антиоксидантни состојки. Затоа мое мислење е нема потреба филтри особено хемиски ако нема сонце а за заштита од предвремено стареење убав производ со антиоксидантно дејство. Ако има сонце па и зимно време на планина секако апсолутно СПФ. Поздрав.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Девојки дали после спф ставате подлога за шминка или не?
     
  3. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Можеби ти се појавиле затворени комедони поради неизмивање на кремата од кожата и дошло до натрупување во порите.
    Спф кремите се потешки и не се измиваат од кожата само со мицеларна вода, потребно е и двојно чистење со маслен и воден дел.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Завршува летото и после цело поминато со оваа крема на лице морам да ја пофалам. Ја имам белата варијанта, не ни знаев кога купував дека има tinted ама воопшто не ми смета. Се нанесува многу лесно, доста е течна ама мала количина е сосема доволна за цело лице. Кај мене првите две минути се познава бело после сосема го нема. Летово речиси цело без пудра го поминав, никој не ми прокоментирал дека имам бел слој. За мојата комбинирана кожа е одлична, не ја чувствувам ниту тешко ниту масно. Не очекував дека волку ќе ми се погоди. Плус, многу сум изненадена што долго трае, количински мислам. 40 мл е пакувањето, јас начекав две едно плус едно гратис ама еве, после 4 месеци секојдневно користење, по неколку пати, зависно што правам мислам нешто повеќе од пола тубичка дека имам искористено, осеќам дека има уште за трошење.

    Се мислев дали да барам нешто со понизок фактор за зима, ама мислам нема да ми се исплати, оваа ми е толку погодена. За сега, апсолутен фаворит, од тоа што пробав други од тестер како Ла Рош и не знам уште што, најсоодветна ми се покажа.

    [​IMG]
     
    На ludamaja10, MeowMeow и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга може ли декларација да ставиш од таа крема за да ја видам?

    Драга моја омилена спф крема е дефинитивно на Еко Козметикс 50 спф. Вреди сите пари. Лесна е, убаво се впива и што е најважно само со физички филтри (нешто за мене многу важно). Исто многу омилена ми беше од Гамард која за жал ја нема веќе во Мк. Гамард беше уште полесна за лицето, па доколку имаш можност од некаде да ја порачаш топло ти ја препорачувам.

    Драга обично после спф не се става ништо. Сѐ што имаш да ставиш како подлога, серум, крем итн, пред спф стави. Поздрав.
     
    На PoisonIvyFatale и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Dali e okej da se koristi preku esen, ete da receme pocetok na zima, krem so spf 50?
     
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Не само што е океј, туку и се препорачува да се носи СПФ крема секој ден, преку цела година.
     
    Последна измена: 18 септември 2020
    На poppie, ludamaja10, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга ја сум на идеја дека апсолутно може да се користи крем за заштита од сонце само кога се изложуваме на сонце. Кога нема сонце нема потреба да се ставаат заштитни филтри врз кожата, особено доколку истите се хемиски. Како што напоменав погоре во темата СПФ бројот се однесува на заштита од УВБ зраците, односно оние кои на некој начин ја “горат“ кожата ако може така да се изразам. Заштитата од УВА зраците според правилник е една третина од УВБ така да во твојот случај горе долу би била околу 15. Секогаш кога се изложуваш на сонце било да е лето или зима на планина, море или во град (особено каде има површини кои ги рефлектираат сончевите зраци како песок, вода, снег), секако обавезно СПФ. Кога не се изложуваш на сонце во тој случај нема потреба од филтри. За спречување на предвремено стареење се делува со антиоксидантни состојки (како на пример Ц вит., потоа комбинација на Ц со Е , потоа ектоин итн) Одлуката е твоја. Поздрав
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Јас направив грешка од незнаење пред да ми одговориш за спф-то. Ставив спф,па подлога,па пудра и после некое време се исфрлив на т-зоната со whiteheads а на образите имав црвенило.

    Сега се повлекува лека полека, но знам дека тогаш ужасно ми изгледаше лицето.
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга не грижи се не е од редот што си го згрешила туку најмногу се појавуваат ако ставаш производ со големо филмогено, односно оклузивно дејство. Сѐ она што ја затвора кожата и не дава да дише, како силиконите на пример. Инаку не е проблем што си згрешила за редоследот, важно спф си нанела пред изложување на сонце. Не грижи се. Јас би се грижела на пример за пудрата ако е силиконска. Велам секогаш дека џабе се сите природни средства ако користиме силиконска пудра, а летно време убаво е и кожата да се остави да дише, немаш потреба од пудри. Јас сум сигурна дека си многу убава на свој начин. Остави ги сите туторијал за конуринг, пудри покривност итн. Може пудра секако ако излегуваш некаде или ако снимаш нешто па сакаш убав порцелански тен или мат ефект или другу, за преку ден само убава нега на кожата, или евентуално лесна убава ББ крема која нема многу да прикрива на природна база. Ова е мој совет секако ти најдпбро знаеш што сакаш како ефект и секако имаш право да користиш што сакаш. ПОздрав.
     
    На eva993 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
  12. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Јас ја користам обичната верзија max 50 за сува кожа и тврдам предобра е
     
  13. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    859
    Имам масна кожа и сакам да ми предложите добар спф 50.
    Се мислам за ЦЦ крема,тука прочитав на каротен дека ја фалите и е со по пристапна цена,се мислам за ЦЦ за да неморам да ставам пудра.

    Или попаметно ми е да си купам поскапа само со спф па да си ставам пудра?
    Немам користено до сега ЦЦ или ББ па затоа ве прашувам. Инаку се мислев за таа на пурито без мириси со центела
     
  14. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Прашање на вкус е мислам дали 2 во 1 како ЦЦ или посебно.
    Јас би ти препорачала да користиш СПФ со физички филтри. Од тие марки што знам дека ги има кај нас, би ти рекла Alverde, Eco Cosmetics или Lavera. Искрено за Alverde и Lavera знам дека ги има како брендови, но не сум 100% сигурна за конкретните производи дали се нудат, бидејќи знам дека Алверде има многу пооскудна понуда отколку во ДМ во другите држави. За таа од Eco Cosmetics, знам дека ја има бидејќи и други ја имаат препорачувано.

    Конкретно за овие подолу зборувам:

    alverde-kinder-sonnenbalsam-lsf-50--10050091_B_P.jpg

    ECO_Sun_LSF50_D_NEU12_WEB.jpg
    04021457635283A004bhx0101.jpg
     
    На poppie и Рапунзел.* им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Алверде мислам дека го нема кај нас.
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.542
    Допаѓања:
    201.656
    Пол:
    Женски
    Го има, јас го користам.
     
    На eva993 и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    859
    20201001_230001.jpg
    A оваа дали ја користел некој?
     
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да го кажам искуството со Carroten Sensicare. Ја имав пробано поодамна, уште кога беше со другото пакување (одгоре се пумпаше) и во сеќавање ми имаше оставено релативно добар впечаток, како погуста крема со velvet, немрсен финиш.

    Со оглед на тоа што е поевтина, сакав пак да ја пробам за да се осигурам дека навистина е таква и сѐ си мислам дека сменета ѝ е формулата. Имам нормална кон сува кожа, но дури и мене ми е мрсна и леплива во споредба со други креми: дури и по часови откако сум ја нанела чувствувам како лепам. Можеби не би била до толку ако ставам помала количина, но нели, тоа не е поентата, најчесто дури и ставаме недоволна количина на крема.

    Не би ја користела за секојдневна употреба, но ја користам за спортски активности (планинарење, возење точак итн) бидејќи е водоотпорна и баш бидејќи сметам дека подолго време ќе ми се задржи на лице, што е неопходно при такви активности. Плус, при такви (надворешни) активности и онака треба почесто да се нанесува крема, што значи дека побрзо и ќе се троши, па повеќе се исплаќа да трошиш поевтина отколку поскапа крема; почесто ќе треба да ја замениш (купиш).

    Лошо е што треба да се внимава да не се нанесе преблиску до окото, особено до линијата на окото гледано од горниот капак, бидејќи при потење може да дојде во контакт со очи и тогаш навистина многу пече. Не знам дали имам чувствителни очи, но ова ми се случи многу пати. Од истата оваа причина не би ја користела и на одмор, при бањање; дома кога се бањам веднаш морам да ја отстранам бидејќи ми тече од неа в очи и многу ме пече.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Девојки неможам да си најдам спф која нема да ми ја масти кожата.
    Ја користам тоналната крема спф50ка на Фрезидерм, пишува мат, нема ни малце од мат. Мајка ми има нормална кожа, нејзе топ и прилега. Намерно зедов тонална да не ставам пудра преку ден.
    Ја ставам оваа фрезидермот и преку вечер, ваљда не е штетно навечер дека е фактор?
    Но за бргу светнувам, и нема крема што нема да светнам.
    И зима може да се помини со 15ка фактор да си ја земам онаа на натура сиберика што е дневната крема се мислам.....
    Или предложете сварно да не светнува, не ми се битни парите
     
  20. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.078
    Пол:
    Женски
    Purito comfy water или таа со зелено