https://skinaholics.mk/products/ https://bebehome.mk/product/purito-comfy-water-sun-block/ https://bebehome.mk/product/purito-centella-green-level-unscented-sun/
И јас се мислам уште која,само гледам и читам. Ја земав на натура сиберика со 15 фактор што е и незнам дали од неа, ама ми светнува челото, иначе за другите делови ми е ок,убаво го прави лицето иако кратко ја користам сега за сега ми е ок. Само има малку појак мирис според мене, ако ти пречат мириси.. Можеби и јас ќе се решам за пурито comfy water @beautys20 да не знаеш која е милитражата на овие од пурито,не им пишува на страната и дали траат?
A tonirana spf koja ne masti? Samo citam i se mislam koja da ja kupam. Dali so spf dali bez.... Tolku pari se imama nadavano sto nejkam veke da ekperementiram..
Од истава крема што ти ја препорачав на La roche posay има тонирана крема со спф 50. Е сега нијансиве се темнички, ако си многу светла не ти препорачувам тонирана крема
Незнам што значи тонирана СПФ крема, ама ако бараш СПФ кој нема да сакаш да го смениш, а е достапен кај нас земи си Purito Centella Green Level Unscented Sun или ако сакаш малце поевтина варијанта можеш Eucerin Oil Control, за мрсна кожа се одлични.
После месец дена користење ми се појавуваат ко лушпи од кремата со спф што ја пофалив од Биодерма. Заклучив дека со биодерма дневната крема не одговараат бидејќи се на база на вода. Затоа барам препорака за друга крема со спф. Ја гледав сега на ТО со спф 15 но дали е доволна за во зима со тој фактор.
Го земав Comfy water од Purito,ставив два пати и лицето не ми реагираше добро. Добив благо црвенило ај тоа не беше страшно,страшно ми беше што за 2 дена ставање ми излегоа 5 нови ситни бубулици. Има и една-две поголеми ама повеќето ми излегоа ситни Поима немам зошто,баш не очекував. Денес не ставив и се повлече се Ако има некој искуство нека каже. Го мијам навечер со двојно чистење иначе
И јас кога ја користев летово ми се нафрли лицето,и не продолжив да ја користам страв ми е пак да не се нафрлам. Имам масна кожа па ми се виде како најидеална крема,башка многу ги изнафалија пурито,а и не се ефтини,и ете седи сега у кутивче
И јас од иста причина ја земав и мене ми е масна кожата и многу ги нафалија. Ама изгледа ќе се користи за тело Ама ептен се разочарав
Ај ке ја тагнам пак @Biodevojka да види состав. Биодевојка ти ја пратив сликава претходно,ти ми рече сакаше состав да видиш,ама изгледа ја немаш видено пораката,
Летово го користев eucerin oil control 50 dry touch, е сега дали може да ми предложите нешто за кожа склона кон акни ама со пониска цена.
Прости ми драга не сум видела.Имам многу пораки па понекогаш се случува некоја да ми промакне. Мене лично формулава не ми се допаѓа иако станува збор за физички филтри. Не е поентата само да ставиш физички филтри со било што во една формула, туку истата треба да има смисла, односно состојките да имаат поента во еден производ, Лично не можам да сфатам зошто ниацинамид во еден производ за сончање, како состојка ниацинамидот смирува црвенила витмин од групата Б (Б3 или ПП се наоѓа под овие два називи), и токму поради таа негова карактеристика поефикасен е во еден производ после сончање кој има за цел да смири евентуални изгореници, црвенила иритации итн. Искрено малку ми е празен како производ. Сакале да го направат практично оил фрее, ама сите правила за формулација на еден добар крем со физички филтри се базира врз моќта на природната СПФ на маслата во комбинација со физичките филтри (земете ги на пример производите на Веледа, Алверде, Еко Козметикс, Гамард). Титаниум диоксидот е во многу мала количина за да биде сметан како заштитен филтер. Еве споредете го на пример со Еко козметикс и сами увидете ја разликата. Inhaltsstoffe: Titandioxide, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Polyglyceryl-3 Diisostearate, Triglyceride, Wässrig-alkoholischer Olivenblattauszug*, Sojaöl*, Sheabutter*, Kokosöl*, Sorbitol, Pflanzliches Glycerin, Olivenöl*, Olivenblatt-Extrakt*, Granatapfel-Extrakt* , Karanjaöl*, Glycerinfettsäureester – Ölsäuremonoglycerid, Rapsöl, Jojobaöl*, Moschusrosenöl*, Sanddornöl*, Macadamia Öl , Nachtkerzenöl*, Reiskeimöl, pflanzliches Lecithin, Süßholzwurzel-Extrakt, pflanzliches Vitamin E, Glimmer, Bisabolol, Vitamin E Derivat, Stearinsäure, Korund, Magnesiummineral, Weingeist aus Zuckerrüben, Mischung ätherischer Öle, Limonene, Linalool, Citronellol, Citral, Geraniol, CI 77491, CI 77492, CI 77499
Да ама овој од еко козметикс како што гледам има многу масла,што никако не ми одговараат на мојава кожа,лом се правам од масла,затоа овој на пурито ми изгледаше како ппдобра опција,ама ете изгледа и тој не ми одговара,незнам дали да му дадам пак шанса,зашто единствена друга опција ми е фактор со хемиски филтри или воопшто да не ставам спф
Уф драга на тоа не можам да ти одговорам. Оставам сепак на тебе да избереш што сама сметаш дека ти е ок. Штета што веќе ја нема Гамард кај нас, од аспект на декларација, ефект врз кожата и заштита беше најидеален. Ако имаш можност од соседните земји да го нарачаш ти го препорачувам. п.с. кога се изложуваш на сонце обавезно СПФ зима или лето, кога нема сонце немаш потреба од СПФ...
Сигурна си дека е од кремата? Ја на почеток мислев така, ама исфлав производ по производ, за на крај да сфатам дека таа реакција ми ја предизвикала голема концентрација на niacinamide 10%(барем за мене беше голема).. Па го исфлив него. Многу тешко ми беше да најдам крема што нема да ми ја масти кожата и што добро се впива, притоа да не остануваат траги на лицето, оваа ми го овозможи тоа.. Но сепак на секоја кожа различно реагира.
Да сигурна сум. Не користам ништо од киселини,туку само го мијам лицето со пена, ставам тонер и центела серум ама се тоа веќе месец дена ми е рутина и немав никаков проблем. Од СПФ-то ставив два дена и имав видлива реакција,после тоа повеќе не ставив и се врати во нормала фала Богу. Еве и биодевојка кажува дека не и е јасно зошто има ниацинамид во составот,а никогаш не сум го користела него па може он да ми прави рекација