Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми за лице со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 1 јуни 2019.

  1. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Да, може да не то го толерира кожата.. но сепак мал процент е застапен.. може е од друго :(
     
    На Рапунзел.* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Здраво девојки пред неколку дена ми се потроши факторот на еуцерин за мрсна и кожа склона кон акни, како замена земав еден од факторите на sun dance 50 и ненормално ми ја исфрли кожата. Ако може да ми предложите поевтин фактор само да е за кожа склона кон акни, финишот воопшто не е важен. Ќе ви бидам бескрајно благодарна ❤️
     
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, која формула ти се допаѓа повеќе за кожа склона кон неправилности?

    Major Ingredients:

    Water, Butylene Glycol (humectants), Butyloctyl Salicylate (skin-conditioning agents), Glycerin (humectants), Diethylamino Hydroxybenzoyl Hexyl Benzoate (sunscreen agents), Hydrogenated Polyisobutene (skin-conditioning agents) , Acrylates Copolymer (viscosity increasing agents), Silica (texturing agents), 1,2-Hexanediol (stabilizers), Niacinamide (brightening), Dibutyl Adipate (skin-conditioning agents), Ethylhexyl Triazone (sunscreen agents), Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate (emulsifiers), Cetearyl Olivate (occlusive), Cetearyl Alcohol (stabilizers), Dicaprylyl Carbonate (skin-conditioning agents), Sorbitan Olivate (emulsifiers), Glyceryl Stearate (emulsifiers), Methyl Glucose Sesquistearate (emollient), Sorbitan Stearate (emulsifiers), Centella Asiatica Extract (strengthens skin barrier), Madecassoside (strengthens skin barrier), Asiaticoside (strengthens skin barrier), Madecassic Acid (strengthens skin barrier), Asiatic Acid (strengthens skin barrier), Pentaerythrityl Tetra-di-t-butyl Hydroxyhydrocinnamate (antioxidants), Disodium EDTA (stabilizers), Adenosine (improves wrinkles), Hyaluronic Acid (natural moisturizing factor/ humectants), Caprylyl Glycol (emollient), Ethylhexylglycerin (stabilizers), Tocopherol (antioxidants).

    Major Ingredients:
    Water, Cetyl Ethylhexanoate, Butylene Glycol, Glycerin, Dipropylene Glycol, Zinc Oxide (CI 77947), Silica, 1,2-Hexanediol, Niacinamide, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Water, Titanium Dioxide (CI 77891), Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Cetearyl Olivate, Sorbitan Olivate, Stearic Acid, Citrus Aurantium Dulcis (Orange) Peel Oil, Lauroyl Lysine, Disodium EDTA, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Oil, Lavandula Angustifolia (Lavender) Oil, Adenosine, Centella Asiatica (Gotu Kola) Extract, Artemisia Vulgaris (Mugwort) Extract, Caprylyl Glycol, Madecassoside, Asiaticoside, Asiatic Acid, Madecassic Acid, Linalool, Limonene.
     
  4. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    За кој креми станува збор?
     
  5. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Со ниацинамид во составот ми личат како СПФ кремите на Пурито.
     
    На queen04 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    Првата е Unsented Sun на Purito, втората е Truecica Mineral 100 на Some By Mi.
     
    На queen04 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга моја најикрено....ниедна не ми се допаѓа... ;(
    Ако се сеќавам добро ти живееш во Италу така?
    Да знам да ти препорачам нешто екстра, кога станува збор за Италија сите линии ги имам пробано на СПФ (природни секако).
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.917
    Допаѓања:
    267.472
    Мене навистина не ми е јасно дали стварно имам потреба секој ден да ставам спф.

    Не поминувам време надвор, скоро па ич.

    Од влез до кола 20м, возам до работа ајде 20 мин. на работа 8 саати не допира дневна светлина до мене, прозорот ми е далеку.

    Седнувам во кола, возам до дома 20мин. внатре сум се' до вечерта кога понекогаш излегувам.

    Сфаќам кога поминувам време надвор, ама дали тие 40мин. дневно дур возам се доволна причина да ставам спф?
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    Не сум сега таму, ама можам да нарачам.
    Само пожелно е да нема многу масла во составот, особено не некои комедогени.
     
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Јас не ставам сега, дури и ако сум на сонце. Тоа е кратко време, а колку и да е лесна спф крема, за секој ден носење ми е тешка.
    Ионака не сакам многу слоеви разл производи на лицето, ај во летото се трпеше, сега бб крем ми има некој мал спф фактор доволно е.
    Сепак кој како милува и мисли, ама мене ми е лично тоа претерано сега во овие денови. :)
     
    На Giovanna и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Некои сметаат дека кога нема сонцее, т.е е облачно или сонцето е слабо, како во зима, дека нема потреба од крема со заштитен фактор. Секој се води според различни работи и одлучува дали треба или не.
    Кремата не штити од UV зраците, кои се присутни дури и кога е облачно,слабо сонцето па дури и кога се внатре во осветлена просторија.
    Пример јас го користам секој ден. Дури и кога сум цел ден внатре. Но сите сме различни.
    Единствено, може да најдете некоја полесна крема, што нема да ја осеќате на лице.
    Јас не ја ни осеќам дека ја носам.
     
    Последна измена: 27 октомври 2020
    На NESKAFE25, pdb123 и ana-sweet им се допаѓа ова.
  12. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.320
    Допаѓања:
    2.593
    Која ја користиш?:)
     
    На QueenBeyonce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.224
    Дефинитивно треба да се носи и кога е облачно, ама од друга страна мислам дека има разлика кога си директно изложен на светлина или кога седиш подалеку од изворот (прозор и слично).

    Јас лично има денови кога сметам дека не ми треба и не ставам. Ако излегувам подолго надвор или ако претходно сум правела третман со состојки што ја прават кожата фото сензитивна, во тој случај никогаш не прескокнувам.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    Како залади времето и мене Comfy Water почна да ми се рони.
    Ама буквално секако ја пробав, со сите хидратнатни креми кои ги имам како подлога, не само што се рони, туку и отпосле лицето ми се перути некако чудно.
    А, летото ми беше одлична и тоа само со серум под неа.
    Единствено за да ја дотрошам и најдов какво такво чаре - после хидратантна крема, ја ставам количната на спф која ми е потребна, истовремено помешана со две капки сквалан масло.
    Ама, дефинитивно ќе ја сменам.
    Мене реално и Еуцерин oil control spf 50 ми беше одлична, ама има алкохол и силикони во составот, тоа ми засмета. Е сега можеби процентот и фомулата се ок, ќе ја замолам @Biodevojka да каже што мисли за неа:

    Aqua, Homosalate, Polymethylsilsesquioxane, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Ethylhexyl Salicylate, Octocrylene, Alcohol Denat,Tapioca Starch, Phenylbenzimidazole Sulfonic Acid, Cyclomethicone, Behenyl Alcohol, Cetearyl Alcohol, Methylpropanediol, Silica Dimethyl Silylate, Glycerin, Carnitine, Glycyrrhetinic Acid, Glycyrrhiza Inlflata Root Extract, Sodium Stearoyl Glutamate, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Sodium Carbomer, Xanthan Gum, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Trisodium Edta, Sodium Chloride.
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга да беше само алкохолот ќе ти кажев, ама силикони се силикони, јас не ги препорачувам воопшто во ниедна количина (овде се плус база на производит, значи масовно застапени). Така да се оградувам од било каков коментар за козметика која не ја следи мојата филозофија. Поздрав.
     
    На poppie и senza.parole им се допаѓа ова.
  17. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    2.851
    Пол:
    Женски
    Некоја крема за лице со заштитен фактор дали има во ДМ и која цена се?
     
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам sun dance ultra sensitive 50 и задоволна сум. Не се сеќавам на цената, ама не е повеќе од 250 ден. Има неколку различни на Sun dance. Има и на други фирми, ќе најдеш сигурно.
     
    На Karamela12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Ќе пишувам за моето искуство со Purito Comfy Water Sun Block SPF50+ PA++++. Имам нормална кон сува кожа.

    Цело лето го поминав користејќи само СПФ крема, бидејќи не чувствував потреба за хидратантна крема, па решив и со оваа да почнам така, особено затоа што во себе содржи хидрирачки состојки. Како што имаат кажано и пред мене, кремата е лесна, има сув финиш, но исто така и „се лупи“. Кога ќе ја ставам над хидратантна крема, ситуацијата е подобра, но проблемот не исчезнува целосно.

    Ме нервира тоа што ѝ е потребно многу време за да се впие, односно иако лесно се размачкува, треба дупло повеќе време да се трие за да се впие без да остави поголема трага. Сепак, ако се забележи добро на светлина, пак ќе останат бледи траги особено таму каде што е посува или потенка кожата (носот, особено кај спојот на ноздрите со образите, меѓу веѓи, на челото, особено покрај линијата на косата итн). Забележав дека колку повеќе време посветувам на триење додека сè уште не е впиена кремата, толку помалку ќе има бели траги. Откако веќе почнала да се суши, џабе е триењето, само се лупи. Тогаш, само тапкање помага за колку-толку да се намали таа трага.

    Тоа што ми пречи најмногу кај белата трага не е во тоа што воопшто има некаква трага (навистина е минимална), туку тоа што не е рамномерна на целото лице. Не би ми сметало толку да добијам маааалку побело лице, но еднакво бело секаде; ми пречи тоа што трагите буквално изгледаат како кога се става пудра на сува, нехидрирана кожа и има места каде што пудрата не се впила или размачкала добро. Буквално такви се тие траги, само бели.

    Не ми беше јасно зошто толку сите ја сакаат ако има ваков (пре)сув финиш и заклучив дека:
    1. Можеби луѓето со (по)мрсна кожа го немаат овој проблем
    2. Ако се стави помала количина, особено на местата каде е потенка кожата, ова не е толку изразено, да не речам воопшто го нема. Од друга страна, нема поента да се става помалку од СПФ кремата кога напротив, и онака обично луѓето не ставаат доволно.

    Сè на сè, не би ја купила повторно сè додека не го средат проблемот со лупењето.
     
    На buba4e89 и poppie им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Каде ги има La Roche Posay кремите? Ги барав во неколку аптеки, ги нема