@Biodevojka може те прашале за кремава ,ако може да ми кажеш дали има добар фактор и дали одговара за масна кожа? Фала ти.
Драга формулиран е за комбинирана до масна кожа, ама има хемиски филтри за жал. Јас лично не можам да ти го препорачам со оглед што сум против хемиски филтри, ама секако изборот е твој. Ти имаш последен збор. Поздрав.
@Biodevojka дали тонираната спф50 на еко козметикс е исто ефикасна како обичната и дали е добра за комбинирана кожа зошто многу лесно светнувам на челото и носот.
Дали некоја ја има користено оваа крема? https://www.bellina.mk/p/883/sensit...-zashtita-od-sonce-so-spf30-50-ml?category=99
Те видов дека си ја купилаи баш сакав да пишам да споделиш како легнува. Ја купив таа на еко козметикс, ама малку тешка ми делува. Додуша еднаш пробно ставив, ќе и дадам шанса да видам како ќе биде. Ако не оваа ќе ја пробам. Сакав нешто поприродно, ама изгледа овие природниве потешки се.
Може да ставиш слика ете на рака нанесено од кремата, ме интересира колку се познава нијансата. Ако не е проблем.
Нема да приметиш воопшто, лесна е ама на лице изгледа како пудра да имаш. Се прилагодува на тонот на лицето.
Предлог СПФ 50 крема која морам редовно да ја користам на сонце 365 дена. Поради појава на Розацеа, моментално си ја лечам со розамет крем Поздрав
Мене ептен ми е погодена, кремата воопшто не е мрсна, не остава бел траг а и не е прескапа. Ја има во Зегин, околу 600 денари е.
Разгледај наназад во темата, има еден куп предлози од креми со СПФ 50. Иако не мора да значи дека би имала проблем со било која СПФ крема (зависи од твојата кожа, мора да пробаш), можеш да се фокусираш повеќе на креми за чувствителна кожа, за да ја намалиш веројатноста од иритација. Физичките/минералните креми (на база на цинк оксид и титаниум диоксид) се добри за чувствителна кожа, но се помрсни и оставаат бела трага. Хемиските/мешаните креми се помалку мрсни и не оставаат трага, но за некои луѓе се поиритирачки, особено во делот околу очите. Тоа не значи дека се лоши и мора по секоја цена да се избегнуваат, туку е нешто што треба да го имаш предвид доколку те иритира некоја СПФ крема.
I jas sum mnogu zadovolna od ovoj SPF, go imam probano i toj so pigment e predoboar. Sega mi e pri kraj i se mislam dali da si go kupam poftorno ili da go probam Heliocare
Имате ли користено некоја од овие креми? При крај ми е таа што ја користам на Lapothicell SPF 50, но не сум баш задоволна остава бели траги па сакам да пробам некоја друга.
Фала на образложение, сепак имам сува кожа и после ова со розацеава не знам дали правилен избор ќе направам.
Наменета е за секој тип на кожа. Јас имам нормална некогаш помрсна и барав лесна, немрсна крема, која нема да ,,тежи" на лицето или да остава бел траг. Баш е лесна, не се ни осеќа, би требало да одговара и за сува кожа.