Мојата е таква не ме нафрла, соодветно ќе измиеш лице навечер, со гел или пена и не треба да има проблем.
Мислење за ЦЦ кремава на Uriage? Немам црвенила, ама би и дала шанса. Се преморив барајќи соодветна ББ//ЦЦ крема со заштитен фактор - би било ок да е за масна кожа. Bioderma не доаѓа предвид, таа на La Roche tinted кремата ја нема во ниедна аптека, на Vichу нема - изговор не е почната летна сезона Фрезидерм ми го светнува лицето за 30 минути, и Каротен исто така (а за цената е баш фина крема и се покажала доста добро). На Хелиокер нема од таа за масна кожа...И така, останав без СПФ.
Јас ја земав оваа, ама ептен темна ми беше нијансата, ко исончана бев, а и некако тешка ми беше на лице.
Здраво Јас досега ја користев на Бидерма со спф скапа ми е малку па сакам да сменам на нешто поевтинo, a сепак да е хидратантна крема со спф во едно. Сакам да ја пробам оваа: . Дали некој ја има користено?
Јас се мислев еуцерин со 30 фактор што е да ја земам. Читав доста и нејзе ја фалеа. Незнам цело време купувам а никако да погодам работава.
Оваа конкретно ја немам користено. Ако ја има некој, нека каже дали е океј Јас ја користам таа рутина што ти ја пишав погоре.
Help! Koja krema i da ja stavam na liceto odma mi se pravi alergiska reakcija.. probano mi e se, od revox do eucerin, bioderma, la rosche, natura siberica.. nisto ne pomaga. Dali nekoj drug ima vakov problem? Kozata mi e dehidrirana
Од Uriage има тонирана крема со СПФ 30 и СПФ 50 од зелената линија (Hyseac) што е наменета за комбинирана и масна кожа. Таа со СПФ 30 ја имам сретнато во Зегин и ДНА Анни фарм-аптеката во Капитол. Изгледа дека има само една нијанса. Наменета е за кожа со дамки и за сите типови на кожа. Ја имам користено и имам само пофални зборови. Имам комбинирана кожа на лицето со дамки од акни. Дамките ги избледе, а освен тоа лицето не ми светнуваше додека ја користев. Ако немаш дамки, нема зошто да ја користиш. Отиди во некоја аптека и консултирај се. Ќе ти предложат нешто што е соодветно за тебе. П.С. Викендов ќе има попусти на медицинска козметика во Зегин и ДНА Анни фарм. Проверете на нивните фб страници за повеќе информации.
@eva993 Се сеќавам дека имаше купено неколку СПФ креми пред некое време. Случајно да не проба некоја? Јас се мислев за I+m дали да ја земам, ама некако до сега не сум имала многy добро искуство со СПФ креми (или оставале бело, или многу ми се тешки за кожата), ама им ја обожавам обичната крема за лице, па затоа се мислам да и дадам шанса и на оваа.
Ја имам на Еуцерин таа со СПФ 30 Oil Control, имам комбинирана кожа, и не сум задоволна, многу свети на лице Инаку се мислам за оваа на Shiseido, ја имаше фалено Несторовска, се прилагодува на бојата на кожата, делува како замена за пудра, убаво упива и е со СПФ 30, ја има во Космо и Анабела, но е поскапа и незнам дали вреди за парите. Дали ја има некој користено ?
Гледај прво да земеш тестер или да ја пробаш таму , зошто ваков тип на креми знаат да излезат портокалови. Инаку со Shiseido и нивните креми со спф нема да згрешиш доколку имаш мрсно лице поготово , ја регулираат мрснотијата , не се тешки на лице , водоотпорни се. Јас сега ја почнав кремата со спф оваа моментално , и иако е за лице и тело не е воопшто масна ,баш напротив веднаш убаво легнува на лице. На тело би ми било чудно да ја користам ама ајде два дена ја користам и убава е ептен.
@koritsaki Ќе побарам тестер во Космо, ако имаат воопшто Скоро година откако почнавме со маските, пудра имам ставено се на се 5 пати, и некако се одвикнав и не се чувстувам убаво со пудра, па кога видов дека ова е daily moisturizer и си помислив супер замена, воедно нешто како ББ крема ќе му дојде и плус тоа со СПФ ме привлече.. срце ќе ме боли ако ја купам и излезе портокалова како што викаш А оваа што ја користиш сега има некоја покривност или е баш како крема навлажнувач со СПФ ?